Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 11:17

Заев ги објави идните чекори на СДСМ: Ако Иванов не ја преиначи одлуката, никој не може да спречи избор на претседател на Собрание

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во ТВ интервју ги објави идните чекори на неговата партија доколку претседателот Иванов не ја преиначи одлуката и не му го даде мандатот.

„Јас верувам дека ако г-динот Иванов, а веќе и ден после неговата одлука стои на истиот став, односно не го дава мандатот ќе создадеме такви причини преку чекорите кои што ги преземаме за на крајот да ја промени одлуката. Верувам дека тоа така треба да се движи и тоа така го најавуваме и ќе направиме се тоа да се случи, ден побрзо. Целата оваа ситуација не загрижува сите. Истовремено завршија изборите ние продолживме да ги повторуваме нашите ветувања“, рече Заев.

Првиот човек на СДСМ вели дека постои решение за актуелната политичка ситуација.

„Ве уверувам дека постои решение за оваа работа . Едно од решенијата е премногу очигледно. Парламентот може да избере претседател на Собранието и тука нема никаква допирна точка со Ѓорге Иванов или со бико кој. 67 -те мандати барем гарантираат дека може да се избере со мнозинство гласови претседател на Собранието и тоа е еден од извесните чекори кои ќе доаѓаат . Тоа е во моите планови, во плановите на Ахмети и плановите на другите политички партии и беше дел од пакетот за кој што се разговараЌ, рече Заев. 

Во однос на крајниот рок до кој СДСМ ќе преземе идни чекори, Заев рече дека веќе се работи на Б, Ц, Д варијанти, зошто како што рече Заев, може да се верува во варијанта А, и таа ја поскауваат и  тоа е редот, и  таа е најдобрата варијанта за Македонија, но таа не се случува.

Заев рече дека тоа ќе се случи во најбрз можен рок.

„Избор на претседател на Собрание во најбрз можен рок е денот штом најбрзо можно договорат со застапниците на сите 67 мандати име за претседател на Собранието, за да побараат од претседавачот на Собранието да ја продолжи прекинатата седница, да се формира комисија за изборни именувања и да се избере претседател на Собрание“.

Заев потенцираше дека не знае кој би можел да го спречи тоа и со кои причини.


Текстот е прочитан 3347 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter