Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 13:26

РАПЕРОТ ПАНЧО ГОСТИН ВО СПОТ НА МЛАДА ПОП-ПЕЈАЧКА

Не снимав сцена со Теа за да не ме утепа татко и

Младата поп-пејачка Теа (23) се разголи во новиот спот за песната "Рушевини", во која $ гостува Владимир Блажев- Панчо од аренби дуото ДНК.

Панчо вели дека му е жал што тој и Теа немаат заеднички сцени во спотот, но поради нејзиниот провокативен имиџ, не можеле да одолеат да не се сликаат заедно.
"За жал, не снимивме заеднички сцени. Според режисерот, моравме да имаме различни и ние, како професионалци, го почитуваме барањето на Бане Поповиќ од 'Томато'. Секако дека ми годи друштвото на Теа, а кој би останал рамнодушен, нели? ", ни изјави Панчо.
Теа додава дека креацијата за спотот била нејзина идеја и вели дека $ е драго што во видеото изгледа светски.
"Креациите ги избравме заедно со тимот на нашиот бренд 'Мустела Ермин'. Ексцентричноста и храброста на парчињата ме воодушевија, навистина е убаво кога ќе сретнеме македонски бренд што изгледа светски", ни изјави младата пејачка.
За да се разголи, Панчо ја охрабрил од старт.



"Така треба да се однесуваат јавни личности. Да не бидат исти и обични како секојдневните луѓе, изгледот. Многу смело и храбро од Теа, и тоа е за почит. А таа воопшто не е гола, на плажа е многу погола во секој случај, но овде изгледа навистина секси и на самата граница да не премине во вулгарно. На шега $ кажав дека нема да снимаме заедно кадри, бидејќи не би сакал татко $ да ме утепа", во свој стил вели Панчо.
Песната е во аренби стил, музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот е заеднички, на Теа и на Панчо. Спотот е снимен во соработка со "Томато продукција" и симболично ја прикажува приказната на песната.
"Панчо отсекогаш ми бил еден од најомилените наши артисти, а, исто така, двајцата имаме среќа да работиме со најдобриот продуцент кај нас, Лазе. Во самата песна одлично се надополнивме стилски, мислам дека ќе можете и да го слушнете тоа", вели Теа, која дипломираше на Музичката академија, на отсекот соло-пеење. Ова е нејзина петта песна, по "Ми треба малку време", "Ехо", "Доста глумиме" и "Можеш ли без мене". (М.Џ.)


Текстот е прочитан 3697 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter