Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:06

ПРОЕКТОТ НА РЕЖИСЕРКАТА ХОРНЕР ВЕЧЕР НА МАЛАТА СЦЕНА ВО МОБ

Премиера на камерна опера за Марија Калас

На малата сцена во Македонската опера и балет, вечерва во 20 часот премиерно ќе се изведе камерната опера "Марија Калас - Час", во режија на Урсула Хорнер.

Драмата е напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995 година Обработува фиктивен мастерклас на светски познатата оперска пејачка Марија Калас, на реномираниот универзитет "Џулијард"во Њујорк.
"На часот таа се сеќава на сопствениот живот и се однесува сосема непредвидливо. Се будат нејзините инспирации, стравот да не биде грдото пајче, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот од првите претстави, триумфот во ' Скала', како и нејзината врска со Аристотел Оназис, а кулминира со монологот за нејзиното саможртвување во име на уметноста", најавуваат од МОБ.
Во претставата е користена музика на Џузепе Верди, Џакомо Пучини и на Винченцо Белини.
Изборот на костими го направи Марија Пупучевска, графичкиот дизајн е на Марија Ветероска, а за светло дизајнот е задолжен Васко Лисичов.
Настапуваат Надежда Рубен, Марија Наумовска, Александра Лазаревска, и Влатко Груевски.


(Н .П.)


Текстот е прочитан 388 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter