Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 13:34

ПОП-ПЕЈАЧКАТА ВИКТОРИЈА ЛОБА СТАНА ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА МАКЕДОНСКИ БРЕНД

Сакам секси долна облека

Поп-пејачката Викторија Лоба од неодамна е заштитно лице на ноќна облека и на костими за капење на познат домашен бренд.

Најновата фотосесија на шармантната пејачка веќе ја гледаме на билбордите низ повеќе домашни градови.
"Соработката со 'Сара фешн' започна оваа пролет. Изработивме една нежна, утринска фотосесија со највпечатливите памучни парчиња од најновата колекција за пролет-лето. Сите парчиња се дизајнирани во Македонија, специјално за жените на нашите простори", ни изјави Лоба.



"За оваа 2017 година, јас сум заштитно лице на брендот и ќе ги претставувам сите најнови колекции на ноќна облека и на костими за капење", додава пејачката.
Викторија вели дека секогаш кога работи на нови проекти и со добар тим, се чувствува таа возбуда за крајниот продукт. Новата фотосесија, за неа, поминала одлично, проследена со многу позитивни емоции.
"Се чувствував пријатно и природно додека позирав во сите парчиња од новата колекција на долна облека и на пижами. Сакам памучна, удобна и во исто време привлечна долна облека. Веројатно, тоа го бара секоја девојка, да е удобно и убаво за око", раскажува Лоба за својот вкус за долна облека.
Лани, поп-пејачката, по тригодишна врска, се сврши со својот дечко, скопскиот бизнисмен Ѓорѓи Калеш, кој е поранешен кошаркар. Лоба го покажа свршеничкиот прстен на отворањето на Саемот за венчавки, во хотелот "Александар палас" во Скопје.
"Вистина е, се свршив. Саемот за венчавки ми е генерална проба пред свадбата. Во овој фустан се чувствувам како руска принцеза", ни изјави Лоба, која на ревијата презентираше венчална креација на дизајнерката Нена Конели. Викторија дипломатски одговори на нашето прашање дали наскоро ќе има свадба.



"Моментално имам многу работни обврски, закажани настапи и веќе започнати проекти, кои морам да ги ставам во фокусот и да ги завршам, така што времето за свадби и за веселби сè уште не е дојдено за мене", ни изјави пејачката и најави нова песна наскоро.
"Привршувам една многу интересна песна со Билбилов и наскоро можете да очекувате премиера, а ако многу им се допадне на фановите, сигурно ќе снимиме и видеозапис. Оваа пролет ми донесе многу нови сили и инспирација, затоа верувам дека допрва позитивно ќе ве изненадувам", додаде пејачката.

М. Џаровска


Текстот е прочитан 1817 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter