Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.11.2016, 10:49

Здравје и убавина

Време е за промена

Погледнете се во огледалото: градите ви се општиле, имате вишок на килограми, а тенот ви е нечист и некако сив?

Веднаш започнете со режимот за здрав живот, вежбајте зради зацврстување на опуштените мускули и секако работете на губење на целулидот!

Проценте ги можностите

Верувајте дека е вистинско време да подразмислите за можните радикални промени на своето тело. Време е конечно да си посветите винмание самите на себе, и да си ги подарите моментите на чиста убавина. Но, убавината кошта! Проценете ги своите парични можности, за нова фрзура, депилација во козметички салон, педикир ... "Туристички", посетете ги парфимериите, проучете ги понудите и цените, и одберете се по своја мерка. Организирајте се така да оваа година за вас нема било какви стресни изненадувања, и фрустрации порди неисполнетите желби. Влезете потполно спремни и сигурни во месецот на подароците и подарувањето!

Помалку храна на тањирот

Диетата за губење вишок килограми мора да почне уште од сега. Заборавете на Фаст фуд и на слатките, а варениот или свеж зеленчук нека биде вашето секојдневие на тањирот . А, ако на сето тоа додадете овошје и многу вода, тогаш вие сте на вистинскиот пат да ја облечете својата тесна и деколтирана новогодишна креација.

1, 2, 3

Ако не сте вежбале во текот на годината тогаш крајно време е и да почнете. Ниту диетата, ниту лифтинзите, масажите, сауна..нема да ви го обликуваат телото ако не почнете да вежбате. Можете да правите вежби дома, секој ден по 20 минути, да трчате на свеж воздух, или пак заборавете на градскиот превоз па одадете се на пешачње. Ваквиот начин на одржување на телото парично нема да ве кошта ама баш ништо, а сепак ќе ви даде подобар изглед, добро расположение и здравје. Ако немате ништо против зимските затворени спортови, тогаш запишете се на аеробик, фитнес, бадмингтон, акваџим, тенис...списокот е долг. Ако сакате пак нешто не толуку агресивно и побавно, тогаш тука се јога вежбите.



Грб без акни

Грбот е дел од телото кој е познат по појачано лачење на лојните жлезди што најчесто предизвикува митасери и упали. Доколку сте склони на потење, тогаш избегнувајте облека од синтетика, затоа што и таа може да ви предизвика слични проблеми. Во козметичкиот салон побарајте чистење на грбот, односно третман кој е истоветен со третманот за чистење на лице. Значи, парење, пилинг, чистење, маска, масажа. Ако имате на грбот голем број на акни тогаш третманот повторете го една недела пред новогодишното славење.

Решете се од целулитот...

...дома

Придржувајте се на здравите навики кој подразбираат одмор на свеж воздух, исхрана богата со овошје, помалку внесување на сол, и големи количестава на течност...

Самомасажа со груби ракавици додека се туширате, е одлична увертира за нанесување на антицелулидна крема

Физичката активност е и превенција и лечење на целулидот, затоа што ги затега мускулитеи ја подобрува циркулацијата.

...во козметички салон

Секоја година има се повеќе нови третмани против целулидот, но ќе споменеме само некои:

Лимфната дренажа е блага масажа која ја движи насобраната течност, отргнувајќи ја со тоа отеченоста на телото и воспоставува правилна циркулација.

Ултразвучниот третман се состои од ултразвучните бранови, кои на ткивото зафатено со целулид му делуваат како топлина (подобар проток на крв и поголем тонус на мускулите), и микромасажата( регенерација на ткивото).























Текстот е прочитан 3739 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter