Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.06.2016, 22:10

"Рено" претстави "клио" со 275 КС!

Екстремното "рено клио РС 16" во боите на болидот од Ф-1 на францускиот конструктор, со дволитарски мотор од 275 КС ја предводеше гамата на спортски автомобили на "Рено" на улиците во Монте Карло.

Спортскиот новитет доаѓа од "Рено спорт" одделението од градот Дип и претставува трансфер на натпреварувачка технологија, типична за Формула 1, во реалниот живот и сериските верзии на колите. Ова одделение се прослави со моделите "меган РС", "клио РС" и специјалните едиции Трофи и Ф-1.
- Основна цел ни беше да направиме кола со застрашувачки перформанси и успеавме. Во Франција "клио РС 16" ќе се продава по цена од 45.000 евра - изјави Патрис Рати, извршниот директор на "Рено спорт".
Во однос на обичниот "РС" овој специјален модел има поширока трага на 19-инчните тркала, поширока каросерија за 60 мм и нов агресивен аеродинамичен пакет во кој се истакнуваат новиот преден сплитер и кровниот спојлер.
Во однос на сериското "клио РС" кое од турбобензинецот од 1,6 литри ослободува 200 КС, па и "РС 220 трофи" верзијата која поседува 220 КС, овој модел може да се пофали со 275 КС. Ова е дволитарски агрегат преземен од "меган РС 275 трофи-Р". Позајмен од овој модел е и шестстепениот мануелен менувач, како и системот за ладење кој е модифициран.


Текстот е прочитан 2347 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter