Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.01.2017, 14:04

Дебитантите Ангели Вардар пресреќни од првото учество на зимскиот турнир

Ангели Вардар, најновата школа во Ракометната академија Вардар, месецов, на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" за првпат играше натпревари со други екипи од Академијата.

На најмасовниот ракометен турнир за деца во земјава учествуваа над 1200 момчиња и девојчиња, односно се вклучија сите наши регионални единици.



Двата викенда во кои се одржуваше турнирот им дадоа можност на сите екипи да видат до каде стигнале со тренинзите и што им е потребно да имаат подобри резултати, особено за дебитантите кои за првпат земаа учество на натпревар како дел од Академијата. Со три момчиња од Ангели Вардар разговараме за нивните впечатоци по завршувањето на турнирот.

За Милош, Димитар и Дамјан на овој турнир голем предизвик беа противниците. Момчињата велат дека имаат искуство на натпревари и дека очекувале повисок пласман, но се најдоа во мечеви и со силни противници, што се должи и на учеството во Вардар Јуниор лигата, односно континуираните натпревари во текот на годината. Ангели се пласираа на 6-то место од вкупно 12 екипи во генерацијата 2002/03.

Според Димитар Димовски, кој ракомет тренира 2 години, со тренинзи и посветеност веќе на следните натпревари може да се постигнат и подобри резултати.



    „Со посветеност на тренинзите и поддршка од тренерот Силвана Миленковиќ може да се постигне многу. Јас, како и мојата екипа ги имаме и двете. Талентот е 10 отсто, а останатите 90 отсто е работа и тренинзи. Ние како екипа сме искусни во натпревари, но сега игравме во поголеми и поубави сали, организацијата беше одлична, а ние имавме добра игра, имавме и победи, но имавме и некои поискусни противници. Задоволни сме од учеството. Дојдовме со очекување за повисок пласман, сакавме да освоиме некое место, но, сега имаме поголем предизвик за следната година ", вели Димитар, кој има желба еден ден да заигра во странство, но и во нашата Вардар Јуниор лига.

Ангели Вардар во Ракометната академија се вклучија откако беа почнати натпреварите од Вардар Јуниор лигата, и не беа во можност да се вклучат. Момчињата имаа неколку пријателски натпревари со наши ракометни школи, но велат дека тоа не е доволно за да се запознаат со екипите и да знаат што да очекуваат од противникот.

Капитенот на екипата Дамјан Јордановски ракомет почнал да тренира на 10-годишна возраст.



    „Дотогаш тренирав кошарка, но се преселив и сите нови другари тренираа ракомет и со нив и јас почнав да тренирам. На почетокот бев голман, но по совет на тренерот Миленковиќ се префрлив на позицијата бек и тоа беше добар совет. Со екипата имаме многу добра поддршка од тренерот, а и меѓусебно се бодриме и мотивираме во играта. Но, на турнирот имавме малку проблем со кондицијата зашто претходно тренинзите одеа тешко, а направивме и пауза поради студот. Се сретнавме со добри противници, имавме и победи, но ни недостигаше кондиција за уште една победа. Имавме желба за повисоко место зашто на последниот турнир на кој учествувавме освоивме прво место", вели Дамјан.

Според Дамјан, тој како капитен не се плаши од ниту еден противник, ниту од оние кои се повисоки и посилни зашто со добра акција и мотивација може да ги надиграат. Овие момчиња тренираат во сали во скопската населба Ѓорче Петров. Под водство на Силвана Миленковиќ, поранешната голманка, која играла и за Вардар, а сега наставничка по физичко, ракометното школа Ангели работи веќе 13 години.

Четиринаесетгодишниот Милош Грујоски вели дека пријателски натпревари досега имаат играно со Илинден Вардар и со Будимир Вардар, но тие ги доживуваат како дел од тренажниот процес, додека на вистинските натпревари се докажуваат што научиле.



    „Јас тренирам ракомет три години, но на натпреварите имаше и момчиња кои имаат подолго искуство и тоа влијаеше на нивната игра. Но, она што мене многу ми се допадна беше организацијата. Беше напорно зашто се играа повеќе натпревари во еден ден, но имаше и дружба и забава. Се сретнавме со деца со кои се познаваме, а и запознавме некои нови другарчиња. За натпреварите пак, си се бодриме со екипата, силна мотивација ни е и тренерот, а јас лично сакам да слушам музика пред натпревар зашто тоа ме релаксира и подготвува за играта. Многу ме мотивира и татко ми, кој доаѓа на натпревари кога е во можност, знае и да ми укаже ако грешам, но најчесто ме бодри", вели Милош.

Во Ангели Вардар работат со над 50 дечиња на возраст од 2002 до 2009 година. Тренинзите се одржуваат во ОУ „Мирче Ацев" и во спортскиот центар „Христо Батанџиев". Во „Мирче Ацев" секој петок и вторник од 20.30 часот, додека во „Христо Батанџиев" во среда е од 20 часот, а во сабота од 18 часот.

Разгледајте ги и фотографиите кои ги издвоивме од настапот на Ангели на зимскиот турнир. Ангели Вардар се натпреваруваа и во генерацијата 2004/05 во женска и машка категорија, како и во мини ракомет во генерациите 2006/07 и 2008/09.

Следете не и на: https://www.facebook.com/rakometnaakademijarkvardar

















 


Текстот е прочитан 593 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter