Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 14:44

Иванов: Армијата е подготвена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Македонија

Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за соработка со сите добронамерници. Но, истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. Ова го порача претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов денеска на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од страна на припадниците на АРМ и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница.

- И денес, како и пред четврт век, се соочуваме со предизвици. Но, и денес, како и пред четврт век, ја имаме Армијата на Република Македонија која е заштитник од заканите, гордост на граѓаните и надеж за мир во земјата, додаде македонскиот претседател.

Армијата, рече Иванов, даде најголем придонес за исполнувањето на високите стандарди на полето на одбраната, а тоа се покажува и со успешното и професионално справување со заканата од илегалната миграција на нашата јужна граница.

- Од своето осамостојување до денес, Република Македонија води политика и гради систем што ќе овозможи нејзина целосна евроатлантска интеграција, во согласност со нејзините интереси, потреби и можности. Трансформацијата и модернизацијата на одбранбениот систем претставуваат наша цврста определба и обврска која и покрај некои објективни потешкотии, успешно се реализираат, порача претседателот Иванов.

Со денешната свеченост беше одбележан и денот на Командата на резервните сили на АРМ.

- Односот помеѓу активната и резервната компонента на Армијата на Република Македонија мора да го трансформираме во согласност со мисијата и со задачите на АРМ, прилагодени за ефикасна одбрана на целата територија на Република Македонија. Во функција на ова, приоритетна цел за нас ќе биде одбранбеното планирање, кое јасно ја дефинира потребата од изедначување на оспособеноста и опременоста на резервата на ниво на активната компонента, истакна во обраќањето македонскиот претседател.

Иванов посочи дека современите безбедносни предизвици со кои се соочува Македонија бараат примена на современ, унифициран и сеопфатен систем за образование и обука како на активниот, така и на резервниот состав на Армијата на Република Македонија и дека резервните сили треба да се трансформираат во поефикасна вооружена компонента, со соодветна и прилагодена организациска структура.

На воената свеченост покрај претседателот Иванов присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, генерали на АРМ, Командата на резервните сили, претставници од МВР, локалната самоуправа, организација на резервни воени старешини и други гости.

По повод 11 Март - денот на Командата на резервните сили на АРМ, беа доделени стимулативни мерки за припадници од единицата за остварени резултати во работата, и беше оддадена почит на загинатите борци за слобода на Република Македонија и загинатите припадници на АРМ.


Текстот е прочитан 1547 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter