Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.12.2016, 09:51

ПО ПРЕМИЕРАТА НА "ТАРТИФ" ОД МОЛИЕР - СТОЕВ ВО МНТ

Класика за сите времиња

"Тартиф", кој не ги објаснува кодовите на француската класична драматургија и не е оптоварен од традицијата на францускиот театар, е новата премиера на Македонскиот народен театар.

Комедијата во стих на Молиер, на забавен начин, со комплицирани бркотници, сложени сценски движења, наместа со диско музика, ја постави бугарскиот режисер со богата европска кариера Галин Стоев, кој доаѓа од "Комеди франсез" од Париз, театарот на францускиот писател, режисер и актер.
Во модерен дизајн, со колоритна костимографија која содржи и комични елементи (Елица Георгиева, Бугарија), и во сценографија налик на лавиринт од маси (Венелин Шурелов, Бугарија), актерите вешто ја пренесуваат пораката дека не е само Тартиф крадец и профитер туку дека за неговото лицемерство се заслужни сите околу него.
Режисерот успева, низ современ актерски израз, да ја надмине бариерата кон публиката на текстот во стих, да ја постигне потребната дистанца, па големите животни пораки за власта, за верата, неверството, за алчноста и правдината на класичарот Молиер да звучат актуелно и препознатливо.
Публиката, главно составена од актери од повеќе театри во земјава, со голем аплауз го поздрави поклонот на актерите Драган Спасов - Дац, Ѓорѓи Јолевски, Даница Георгиевска, Владимир Јачев, Тања Кочовска, Дарја Ризова, Оливер Митковски, Катина Иванова, Никола Ацески, Александар Микиќ и Кире Ѓоревски.
Претставата се играше и синоќа, а следната изведба е задутре.

(Б.Н.)
Фото: О.Теофиловски, Д.Гајиќ


Текстот е прочитан 1298 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter