Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 09:44

ВО РАМКИТЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ

Сендвичи за луѓето на улица

Извидниците од Прв скопски извиднички одред подаруваа облека, делеа сендвичи, правеа обуки и одеа во посета на деца од ранливи категории

Изминатиот викенд Првиот скопски извиднички одред (ПСИО) го одбележа Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, денот кога е роден основачот на најголемото младинско движење во светот лорд Роберт Баден Пауел.
Секоја година во мисија за Добро дело, извидниците со своите водачи одат да помогнат онаму каде што ќе проценат дека е потребно. Подаруваа облека, делеа сендвичи, правеа обуки и одеа во посета на деца од ранливи категории.
Јато Кактуси беа во посета на ОУ "Дитуриа". На децата од социјални семејства им подарија зимска облека, чевли, јакни и училишен прибор. Децата навистина се добро згрижени и одлично функционираат, но сепак основните работи за пристоен живот недостасуваат. Добивме молба да се вратиме повторно и за дружба и помош, особено за одржување на хигиена и храна", вели Снежана Јанковиќ, началник на ПСИО.



Јатото Фикуси на децата од Домот за деца без родители "11 Октомври" им ја презентирале извидничката опрема и им ги покажувале основите на прва помош и заштита, а патролата Рисови ги учела децата од СОС "Детско село" на азбуката за декодирање германикус и играле ултимејт фризби, а патролата Бувови и јатото Џуџиња ги посетиле дечињата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.
И годинава извидниците ја продолжија традицијата за делење храна по скопските улици.
"Извидниците од групата Самурајски Лемури поделија 50-ина сендвичи на луѓето кои немаат, кои секојдневно работат и се снаоѓаат како знаат и умеат. Чувството да се помогне е незаменливо, особено кога станува збор за нашите сограѓани кои немаат ни парче леб", вели Тамара Иванова од ПСИО.
Облека и храна извидниците донирале и во Ромскиот камп на семејство кое живее на маргините на општеството и им ветиле дека ќе се вратат со уште помош.
"Сакаме да упатиме јавен повик за донација на средства за хигиена, за лична и домашна употреба и храна, кој колку може да донесе во нашиот одред секој ден во 19:00 часот, а ние ќе се вратиме кај семејствата и ќе им ја донираме. Заинтересираните може да не исконтактираат преку нашата фејсбук страница - Фирст Сцоут Унит оф Скопје ", повика Снежана Јанковиќ, началник на ПСИО.


ПСИО има преку 80 членови

Во Првиот скопски извиднички одред (ПСИО) членуваат преку 80 деца и млади. Мисијата на извидниците е да придонесат во образованието на младите, преку систем на вредности врз основа на извидничкиот Завет и Закони.
ПСИО е најстариот извиднички одред во Република Македонија. Формиран е есента 1952 година, за подоцна во 1953 година да се регистрира во Сојуз на извидници на Македонија. ПСИО е невладина организација, непрофитабилна и исклучиво волонтерска организација.


Текстот е прочитан 1353 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter