Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 13:56

БЕЗ МЕСИ, НЕ ПОМАГААТ НИ СТИМУЛАТИВНИ СРЕДСТВА ВО БОЛИВИЈА

Аргентинците играа со вијагра на 3.600 метри

Најдобрите фудбалери на Аргентина земале коктел од дозволени стимулативни средства, вклучувајќи и вијагра, за да го издржат играњето на надморска височина од 3.600 метри, но ниту тоа не им помогна да ја победат Боливија.

Аргентинците немаат победа во Ла Паз цели 12 години, а лошата серија продолжи и во квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија, откако загубија со 2:0, за да паднат на петтото место на табелата, позиција која води во бараж.
Овојпат, покрај стандардните маски за кислород, Аргентинците се зајакнаа и со коктел од кафетин, парацетамол и вијагра, но повторно се вратија со празни раце од највисокиот главен град на светот, кадешто во 2009 година беа поразени со катастрофални 1:6.
Овие препарати ги подобруваат физичките перформанси на големи надморски височини, а не се забранети од Светската анти-допинг агенција, но уште еднаш се виде дека Аргентина е сосема друг тим без Лео Меси.
Откако со него во тимот добија пет од шест натпревари, тој доби суспензија од четири меча поради навредување на судијата на дуелот со Чиле, па, на четири кола до крајот, нема да може да игра и против Уругвај (дома), Венецуела и Перу (гости).


Текстот е прочитан 1096 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter