Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.01.2017, 13:10

Младите играа турнир, а се соживуваат со сениорите на Вардар

Радост, насмевски, славење, но и солзи, силни дуели, вешти надигрувања и страст видовме на првиот дел од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар.

Викендов се играше првиот дел од традиционалниот зимски турнир и тоа во две старосни категории, 2000/2001 и 2002/2003 во машка и женска конкуренција. Ќе следува уште еден дел каде ќе настапат и помлади категории.

На дводневните натпреварувања во четири сали во Скопје, децата покажаа дека го сакаат ракометот, дека веруваат во Вардар, а на наше големо задоволство позитивните впечатоци од одржаниот турнир ги потврдуваат и тренерите на победничките тимови.

Тренерот на шампионите во женската категорија во генерација 2000/2001 - Делчево Вардар, Горан Велков не го криеше задоволството од добро организираниот турнир:



    „Иако сме ослабени во однос на минатата година, сепак, успеавме да ги пребродиме сите налети на другите екипи. Ова е наше трето учество на турнирот. Импресионирани сме од организацијата и од условите во кои се одвиваат натпреварите. Се надеваме дека ќе раснеме, како и дека и наредната година ќе учествуваме и ќе даваме наш мал допринос до ракометниот клуб Вардар со играчки кадар како и со збогатување на ракометот", вели Горан Велков, тренер на Делчево Вардар.

Вардаровата ракометна академија опфаќа 23 школи од цела Македонија. Радосни сме што во завршните натпревари имавме екипи од различни градови. Златото во машка категорија во генерацијата 2000/2001 го освои Филип Вардар од Прилеп.



    „Благодарност на организаторот на турнирот, Вардар. Имаме голема можност да напредуваме со вовeдувањето на овој проект. Лани го изгубивме финалето, но годинава сме задоволни, го освоивме. Ние сме благодарни што Вардар се труди да го одржи турнирот и да го направи што подобар. Се надеваме дека во иднина сето ова ќе се доведе до еден перфекционизам и да бидеме сите задоволни - ние како тренери, тие како играчи и на крајот и родителите, од учество на еден ваков турнир, многу редок на Балканот", вели Александар Таневски, тренерот на Филип Прилеп.

Поранешни ракометари во Вардар, а некои и се уште активни играчи сега ги учат децата на тајните на ракометот. Дарко Јанев, тренерот на Илинден Вардар, кои освоија второ место во категоријата, веќе се подготвува за идниот зимски турнир:



    „Сe беше супер, но уморот си го направи своето. Сум презадоволен зашто децата дадоа сe од себе. Им честитам, и на Филип Вардар и на моите дечки што до последна минута се бореа. Се надевам дека моите деца с? повеќе ќе напредуваат и дека догодина ќе го освојам конечно првото место", вели Дарко Јанев, тренерот на Илинден Вардар.

За првото место во женска категорија во генерацијата 2002/2003 се изборија девојките од Шампион Вардар со тренерот Валентина Радуловиќ, а во финалето играа со Делчево Вардар.



    „Прекрасен турнир, прекрасна организација од страна на Вардар, прекрасни судии. Навистина Делчево Вардар се екипа која одигра феноменално до самиот крај. Ова беше прекрасно финале кое за среќа ние го освоивме", вели Валентина Радуловиќ, тренерот на Шампион Вардар.

Од Ресен секогаш излегувале одлични ракометари. Иванчо Ангелковски, тренерот на Преспа Вардар, кои се шампиони во машка категорија во генерацијата 2002/2003 е задоволен од учеството на турнирот.



    „Задоволен сум од пласманот на мојата екипа. Турнирот е организиран на многу високо ниво. Играме ние и во Вардар Јуниор лигата, каде исто така има одлична организација. Местото кое денеска го освоивме беше донекаде очекувано, но сите натпревари беа изедначени. Мислам дека овој турнир придонесува за развој на децата во ракометот", вели Иванчо Ангелковски, тренерот на Преспа Вардар.

Тренерот на нивниот ривал во финалето - Шампион Вардар, Димитар Бадев вели дека ваквите турнири се од огромна полза и корист за децата на оваа возраст.



    „Темпото на одигрување на натпреварите во два дена беше малку тешко, но децата го завршија тоа на одличен начин. Презадоволен сум од децата, дадоа максимум. Има потреба од повеќе турнири на годишно ниво, едноставно децата се соживуваат и ги подигнуваат своите психилошки нивоа играјќи на вакви турнири. Натпреварувачкиот дух, и ваквиот начин на организација, особено играњето во сали какви што се во 'Јане Сандански' за самите деца е едноставно соживување со она што се случува со Вардар сениорите во лига на шампиони", вели Димитар Бадев, тренер во Шампион Вардар.


Текстот е прочитан 794 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter