Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:40

Концерт на етногрупата "Монистра" во Скопје

Етногрупата "Монистра" од Скопје, на 9 април ќе го промовира својот втор албум со концерт во МНТ. Концертот е од 20 часот.

Вториот албум е насловен со познатата галичка песна "Киниса моме на вода".
"Сакаме да ја снабдиме македонската сцена со стари изворни песни и ора за да останат незаборавени. Воедно, да изразиме благодарност до сите знаени и незнаени народни уметници кои ја пренесувале традицијата и останала за нас да ја слушаме и негуваме", изјави членот на групата Александар Јовевски.
Сите членови на групата имаат свој прилог во подготовката на вториот албум, а најголем лидерот на "Монистра", Александар Јовевски.
"Тука царува и прекрасниот вокал на Габриела Јанушевска, каде рамнодушноста се губи и се препуштате на извонредни гласовни изведби.



Тамбурите на Јован Стрезоски и на Филип Николовски имаат воденичарска енергија која трае низ целиот концерт. За тапаните се задолжени Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски. Клавијатурите кои ги свири Дарко Ничевски се прилог кон малку модерното, но внимателно да не се наруши основната изворна мелодија", велат од групата.
"Нè прави горди кога никој не може да напише дека имаме сличности со други етногрупи или пак во нашата музика има примеси и од други култури од соседните земји. Автентичноста е нашиот аманет и тоа ќе остане така додадено со апсолутно авторство", изјави вокалот Габриела Јанушевска.
Оваа 2017 година групата "Монистра" слави 15-годишен јубилеј. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 692 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter