Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.01.2017, 16:56

ПОСТПРАЗНИЧЕН РЕЖИМ НА ИСХРАНА

Одморете се со диета, не со прегладнување

По празниците со богата трпеза со висококалорична храна и алкохол, лекарите советуваат луѓето да го одморат организмот со посебен режим на исхрана.

Тие велат дека откако за празниците сме внеле поголемо количество храна и алкохол, треба да се ставиме на диета, но не диета со гладување туку со правилен внес на нискокалорична храна.
"Особено за новогодишните и божикните празници, нашиот народ знае да претерува со храна и со алкохол, иако во последно време намален е бројот на пациенти со алкохолни и со труења со храна. Освен што го шокираме организмот со поголем внес на висококалорична храна, го оптоваруваме и црниот дроб, кој е главен прочистувач на организмот. Затоа е добро малку да го одмориме организмот, со тоа што ќе се избегнуваат алкохолни и газирани пијалаци, а во големи количини ќе се пие обична вода. На менито место месо и производи богати со масти и со шеќери, треба да има повеќе свежо овошје и свеж зеленчук", вели д-р Андон Чибишев, токсиколог на Клиниката за токсикологија.
Тој објаснува дека за детоксикација на организмот најдобро е да се пие обична вода, а не газирана, бидејќи газираната вода содржи поголеми количини натриум кој, пак, го зголемува крвниот притисок.
"Од овошје, може да се земаат јаболка, киви, сите цитрусни овошја, како што се лимони, портокали, мандарини. Особено лимонот се препорачува, не само за детоксикација на организмот по вакви празници туку и во секојдневието, бидејќи има големи количини на витамин Ц", вели д-р Чибишев.



Тој објаснува дека витамин Ц во големи количини се дава во акутна фаза на труење со алкохол или како лек против мамурлак, но оти сок од два до три свежо цедени лимони може да се пие секој ден, без оглед на здравствената состојба.
"Витаминот Ц е одличен антиоксиданс и одличен детоксикатор, и го штити од оштетување црниот дроб. Нема ограничување колкава количина може да се внесе, бидејќи е лесно растворлив во вода и може да се исфрли од организмот преку мочта", вели д-р Чибишев.
Киселата зелка и расолницата, според токсиколозите, се исто така, одлични за детоксикација на организмот, бидејќи од една страна, содржат големи количини витамин Ц, а од друга, ја зголемуваат активноста на цревата, и за покус временски рок може да се исфрли вишокот храна.
"Зелка и расолница не се препорачува за пациенти со висок крвен притисок, бидејќи содржат многу сол, а солта ја врзува водата во организмот во крвните садови и го покачува притисокот", вели д-р Чибишев.
За детоксикација на организмот лекарите препорачуваат секаков вид салати, особено богати со кромид и со лук. Лукот, пак, се препорачува за лица со висок крвен притисок, бидејќи го намалува притисокот и количината на масти. (Е.А.)


Текстот е прочитан 730 пати.
#
ВМРО-ДПМНЕ: Новите случаи, партиска нарачка и дефокусирање од „Пуч“
АФЕТ за состојбите на Балканот: Се очекува смирување на тензиите во Македонија, но и во другите земји
СЈО отвори две нови истражни постапки „Тарифа“ и „Тенк“
„Стоп Операција Сорос“ ќе побара од САД ревизија за работата на УСАИД Македонија
Милошоски: Предметите што ги отвора Јанева со единствена цел - Заев да ја избегне кривичната одговорност
Македонија ќе работи на намалување на создавањето отпад
Димитриев: Логично е победник со победник да ја составуваат новата влада
Вајгл предлага ЕУ да преземе нови иницијативи за решавање на сопорот за името со Грција
Хјуман Рајтс Воч одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Светот го виде вистинското лице на Сорос (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter