Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 14:05

ИЗЛОЖБА ЗА ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ЗБИРКАТА ОД ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Артефакти од вистинскиот модернист Борис Чипан

Вечерва во 20 часот, во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата на еден од доајените на македонската современа архитектура, насловена "Борис Чипан: по трагите на еден модернист", која посетителите ќе ги води низ Збирката на архитект Чипан, оставена како легат од неговото семејство на оваа институција.

Изложбата ги презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан (27 март 1918 - 31 март 2012), кој е еден од најзначајните архитекти, како творец кој еднакво суверено се реализираше во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.
Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети, кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно богато професионално дејствување.
Борис Чипан е роден и израснат во Охрид, спрема кој чувствува огромна љубов, од кој ја црпи инспирацијата и на кој ќе му се навраќа целиот свој живот.
Средно образование и Архитектонскиот факултет ги завршува во Белград.



Во 1949 станува прв директор на тогаш основаниот Републички завод за заштита на културно-историски споменици. Од овој период, посебно треба да се издвои неговата пионерска работа на конзервација на "Св. Софија", катедралниот храм на Охридската архиепископија, кој ќе остане негова трајна професионална преокупација и личен предизвик, потоа "Св. Пантелејмон" во Нерези, Даут-пашиниот амам и Куршумли ан во Скопје, "Св. Богородица Перивлепта" во Охрид, како и многу објекти од градската архитектура во Охрид.
Со оваа изложба се официјализира Збирката на архитект Борис Чипан, како прва збирка на еден архитект оформена во еден музеј во земјава. Збирката е достапна за проучување и ќе им помогне на идните генерации во расветлувањето на обемниот опус на Чипан, кој важи за вистински модернист во македонската архитектура, архитект чија дејност е израз на едно доблесно време во кое се освојувал модернитетот како реален општествено остварлив концепт.
За изложбата е испечатен каталог на македонски и на англиски. Куратор е архитект Фросина Зафировска, а соработници се Доминика Бошкова, архитектите професори Влатко П. Коробар, Мартин Гулески, Михајло Волкнов, Димитрие Голубовски и архитект Александар Чипан.
Изложбата ќе трае до 23 април годинава. (М.За.)


Текстот е прочитан 641 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter