Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 16:14

Ахмети по консултациите со Иванов: Сите треба да придонесеме за излез од кризата

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешните консултации со претседателот Ѓорге Иванов порача дека сите треба да придонесат за излез од кризата и изнаоѓање одржливо решение за иднината и стабилноста на државата. Потенцира дека сите опции за формирање нова влада се отворени.

- Имавме средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов на која бевме информирани за целиот процес на доаѓањето до едно решение на нашите прашања и како да стигнеме до парламентарно мнозинство затоа што одговорност на сите нас е да изнајдеме прифатливо решение за да имаме стабилни институции и понатаму да менаџираме со државата, изјави Ахмети по средбата со претседателот Иванов.

Сите, додаде тој, треба да дадеме придонес за да излеземе од кризата и да најдеме одржливо решение. Заедно, потенцира Ахмети, имаме одговорност да дадеме придонес кон изнаоѓање на одржливо решение околу иднината на нашата земја.

Нагласи дека на средбата со Иванов станало збор и за политичката ситуација во регионот и пошироко.

- Ситуацијата не е толку добра за да можеме комотно да живееме и да останеме во земјава, туку треба заеднички да се ангажираме за да ги изградиме институциите и да превземеме одговорност и да се соочиме во иднината со било каква криза која може да ни се случи и во регионот и поширокко, рече Ахмети.

Прашан како ќе се одннесува ДУИ деновиве бидејќи кај нив е клучот за парламентарното мнозинство, Ахмети посочи дека кај ДУИ бил клучот, но веќе го префрлил него кај претседателот Иванов.

- Каде претседателот ќе го однесе клучот е на него. Јас ја имав бомбата да кажам симболично и ја фрлив кај претседателот. Сега не знам каде ќе ја фрли тој, истакна Ахмети.

Прашан дали ќе се обиде да преговара со лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање ново парламентарно мнозинство, Ахмети рече дека ДУИ и претходно четири дена заседавала и ги разгледувала сите опции.

- Разговаравме за сите опции, разговаравме на маса и сите аргументи се уште не се искористени, истрошени. Од утре и во следните денови ние ќе продолжиме со консултациите во партијата и ќе продолжиме со анализирање и разгледување на сите опции. Но, би сакал да кажам дека имаме силна волја за изнаоѓање решение за да ги вратиме работите на своето место во интерес на стабилноста и засилувањето на државата. Пред нашите партиски интереси ги ставивме интересите на граѓаните и на државата, потенцира Ахмети.

Прашан дали за нив е прифатливо барањето на меѓународната заедница за создавање широка коалиција во Македонија, лидерот на ДУИ рече дека сите опции се отворени.

На прашањето пак дали со денешната средба кај Иванов го сменил ставот дека претседателот на РМ е нелегитимен и оти не го признаваат бидејќи не е избран консензуално нагласи дека денеска работел со глава, а не со срце.

Како дел од консултациите со политичките партии за актуелната политичката состојба во Македонија и формирањето нова влада на средба кај претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по Ахмети е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Иванов претходно имаше одвоени средби со раководствата на Беса и на Алијансата за Албанците. Лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, по разговорите со Иванов не дадоа изјави за медиумите.

Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.


На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.

Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по негобвите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.


Текстот е прочитан 1108 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter