Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 18:24

НА 21 МАЈ СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА КОНЦЕРТНАТА ЗГРАДА НА СИМФОНИСКИОТ ОРКЕСТАР

Трпчески прв ќе свири во новата Филхармонија

Македонскиот и светски виртуоз на пијано Симон Трпчески, со еден од најдобрите диригенти во светот Русинот Владимир Ашкенази, заедно со симфонискиот оркестар, на 21 мај свечено ќе ја отворат новата сала на Македонската филхармонија.

"Со Свитата бр. 2 од балетот 'Лабин и Дојрана' од еден од основоположниците на македонската музичка култура Трајко Прокопиев, со Концертот за клавир и оркестар бр. 3 од Сергеј Прокофјев со Трпчески, како и грандиозната Петта симфонија од рускиот великан Чајковски ќе почне со работа новиот дом на Македонската филхармонија", истакна вчера министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.
Новиот објект осум години се градеше по идејното решение на архитектот Виктор Михајлов и е разработен како основен и изведбен проект од проектантската куќа "Македонија проект".



Голема е радоста кај музичарите и публиката за новиот објект, со кој Филхармонијата, првпат од нејзиното формирање во 1944 година, добива сопствена зграда.
Објектот има две сали, големата има 1 000 места, а малата, повеќенаменска сала е со капацитет од 310 места, од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта.
"Во составот на големата сала е содржано и студио со режија, опремено со комплетна современа аудио и видеотехника, која ќе се користи за продукција и снимање на музичките настани", рече директорката Маја Чанаќевиќ.
Канческа - Милевска рече дека салата е изградена за 37 милиони евра.
Картите за свечениот концерт ќе почнат да се продаваат од 20 април.

(Б. Н.)
фото: О.Теофиловски


Текстот е прочитан 1839 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter