Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.01.2017, 14:13

Зимската служба на терен

Скопје се чисти од новиот снег

Новите снежни врнежи во Скопје одново им донесоа работа на зимските служби. Екипите на Град Скопје, на градските булевари и улици фрлиле 50 тони сол, а на критичните точки го расчистуваат снегот со механизација.

Според информациите од Градот, во расчистувањето на тротоарите и на јавните површини ангажирани се 100 работници и механизација од ЈП "Комунална хигиена", работници и механизација од ЈП "Паркови и зеленило", како и работници од ЈП "Водовод и канализација", кои работат на чистење на сливниците.
Екипите на Општина Центар, заедно со зимската служба, на коловозите и на тротоарите фрлиле 55 тони сол. Како што се наведува во соопштението на Општина Центар, на улиците оперираат четири специјални возила - камиони, соларки со нож и соларка за чистење снег, додека на приоритетните места се вклучува и специјална машина за рачно чистење на голомразните површини.



Екипи на кризниот штаб на Општината Ѓорче Петров и сезонските работници работеа на расчистување на снегот од сервисните улици, приодите кон автобуските станици, пешачки патеки, паркинзите и тротоарите, соопштија од Општината.
"Мобилните екипи, перманентно интервенираат на терен и реагираат во зависност од интензитетот на снежните врнежи, а се преземаа и активности за расчистување на снегот во руралните делови од општината, на патот кон селото Кучково и манастирот "Свети Ѓоргија", и кон селото Никиштане", се наведува во соопштението.
Од општините и од Град Скопје апелираат до скопјани да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.


Текстот е прочитан 2278 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter