Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 16:05

Груевски: Додека Заев ги залажува граѓаните, ние реализираме конкретни проекти

Најдоцна за две години ќе биде завршена првата фаза од примарниот гасовод од Скопје, преку Тетово, до Гостивар, најави вчера на неговиот фејсбук-профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Веднаш потоа се планира почетокот на следната фаза, која опфаќа изградба на гасоводот до Кичево, со кој граѓаните и компаниите од оваа општина ќе добијат природен гас.

"Дури и во овие моменти кога се отворени сериозни прашања и предизвици во земјата, суштински важни за нејзиното понатамошно постоење и начин на функционирање, ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди напред и да го испорача тоа што го вети на народот и на сите граѓани, не делејќи ги по етничка, верска, политичка или каква било друга основа. Додека Заев работи на залажување на албанските граѓани, со понуди од кои квалитетот на нивниот живот нема да се подобри, ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни работи, им овозможува на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и на Власите во Полошкиот Регион да добијат примарен гасовод за доток на природен гас", напиша Груевски.
Груевски додава дека ова е нивно изборно ветување за Полошкиот Регион, и потсетува дека веќе се работи и на гасоводот Штип - Неготино каде што градежните работи се повеќе од 50 проценти завршени. Овие два примарни гасовода се во вкупна вредност од 45 милиони евра.
"Апсолутна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ има нешто против одредени заедници во Македонија. Ние создаваме можности за сите и градиме за сите. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите. Тоа нe разликува од СДСМ. Тие се расфрлаат со нереални ветувања и никогаш не ги исполнуваат. ВМРО-ДПМНЕ ветува реално и реализира без отстапување", пишува Груевски на својот фејсбук-профил.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш повторија дека на СДСМ и на Зоран Заев ќе им дадат поддршка да формираат влада, доколку се залагаат за унитарна и мултиетничка Македонија, а не за бинационална држава, и јасно да кажат дека ја одбиваат тиранската платформа и елементите содржани во неа. Оттаму додаваат дека, според нив, решение за политичката криза се предвремени парламентарни избори, заедно со локалните.


Текстот е прочитан 975 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter