Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:41

За безмалку 40 отсто зголемен бројот на пациенти што болнички се лекуваат од депресија

Во Македонија бројот на болнички лекувани пациенти од депресија и од депресивно растројство се зголемува со тек на годините.

Во 2010 година бројот на болничко лекувани изнесувал 585, од кои 196 мажи и 389 жени, а во 2015 година тој број изнесувал 803 од кои 257 мажи, а 546 жени, што претставува пораст на болничко лекувани пациенти од 37 проценти. Ова денеска го истакна директорот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Шабан Мемети на прес-конференција по повод 7 април, Светски ден на здравјето кој е посветен на потребата од превенција на депресијата, а мотото е Депресија: Ајде да разговараме!".

Депресијата, посочи тој, предизвикува ментална болка, влијае на луѓето и им ја намалува способноста за извршување на секојдневните едноставни задачи. Потенцира дека последиците понекогаш можат да бидат катастрофални во однос на семејните и пријателски врски.

"Лицата кои боледуваат од депресија не можат да ги извршуваат своите професионални обврски и како последица на тоа се доведува во прашање нивната егзистенција. Во најлош случај депресијата може да доведе до самоубиство", рече Мемети.

Нагласи дека Светската здравствена организација соопштила дека бројот на лицата кои живеат во депресија е зголемен за повеќе од 18 проценти во споредба со периодот меѓу 2005 и 2015 година.

"Повеќе од 80 отсто од лицата кои живеат со депресија се во земјите со низок и среден животен стандард. Депресијата може да се спречи и третира. Колку повеќе и подобро разбереме што е депресија и како таа може да се спречи и да се третира, толку се поголеми шансите за намалување на стигмата и можностите што поголем број луѓе да побараат помош", додаде Мемети.

Проф. д-р Антони Новотни од Универзитетската клиника за психијатрија, кој е национален советник на СЗО за ментално здравје, рече дека депресијата е болест која се лекува и е втора причина за инвалидитет во светот.


Текстот е прочитан 663 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter