Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 14:19

Туск пак во Македонија поради мигрантската криза

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, идната недела ќе ја посети Република Македонија. Како што јави МИА повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, повод за посетата на првиот човек на Евросоветот е мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и политичката состојба во македонската држава.

Посетата на Туск на Македонија ќе се случи во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, а како последица на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција и заканите за раскин на договорот за мигрантите. Имено, најавите од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа и пред се за балканските држави, што е причина за аларм во Европската Унија.

Инаку, ова ќе биде трета посета за две години на Доналд Туск на Република Македонија, а како и на претходните две гостувања, и овојпат домаќин на Туск во Скопје ќе биде македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов дискутираа за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија, децидно укажувајќи дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, што за цело време и го прави.


Текстот е прочитан 578 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter