Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 10:20

РЕКОРДНО ЕФИКАСНА ВЕЧЕР ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Сите едвај го чекаат реваншот во Монако

На Манчестер сити му требаа дури пет гола за да обезбеди опиплива предност за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, откако на "Етихад" го совлада Монако со 5:3.

Тоа е најефикасниот натпревар во нокаут-фазата досега, а го обележаа спектакуларни голови и пресврти, додека Радамел Фалкао им покажа на Англичаните дека е повторно еден од најубиствените напаѓачи на светот, откако даде два гола, но и не искористи пенал на стартот на вториот дел.
- Напаѓавме, напаѓавме, напаѓавме. Монако постигна 80 гола оваа сезона и затоа сме задоволни со резултатот. Можеше и подобро, но и полошо. Се разбира дека сешто може да се случи во Монако - изјави тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.
За неговиот колега од Монако, Леонардо Жардим, токму промашениот пенал беше клучниот момент.
- Направивме неколку грешки во одбраната и бевме казнети. Со пеналот можевме да поведеме со 3:1. Да постигнеш три гола во Манчестер е големо шоу. Одигравме извонреден натпревар и навивачите можеа да уживаат - кажа Жардим.
Лудата вечер во Лигата на шампионите беше дополнета со шесте гола во Леверкузен, каде што Атлетико го победи Баер со 4:2, прекинувајќи му ја серијата од десет меча без пораз на домашен терен.
- Тешка и голема победа за нас. Во секој момент знаевме што да правиме и каде да го нападнеме Баер. Ова беше извонредна претстава на мојот тим, а Кевин Гамеиро го одигра еден од најдобрите натпревари откако пристигна. Сепак, Баер нема што да изгуби во Мадрид и затоа мора да бидеме многу внимателни - порача тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.


Текстот е прочитан 910 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter