Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 13:23

Вардар одржа состанок со регионалните единици

Денеска претставници на фудбалската академија на ФК Вардар и членови на регионалните единици на нашиот клуб во земјата, имаа состанок кој што се одржа во тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром.

На состанокот на присутните им се обратија директорот на младинската школа Горан Митев, директорот на фудбалската Академија на ФК Вардар Марио Кофилоски, и координаторите на младинско-детската школа на ФК Вардар Павел Неделковски и Сашо Милошевски.

Сакаме да ја подигнеме Вардар Јуниор Лигата на едно повисоко ниво, и затоа сме подготвени да превземеме некои чекори кои што ќе доведат до подобрување на истата. Затоа се собравме денеска со цел да им соопштиме на нашите регионални единици какви ни се намерите, и какви новитети ќе имаме во иднинаа, изјави Кофилоски.

Во иднина регионалните единици како и сите младински категории ќе работата по претходно утврдена програма, се со цел да се подобри квалитетот на сите младински категории.



Сите регионални единици ќе работат по однапред утврдена програма, и таа програма ќе им биде праќана на тренерите кои што ќе треба да работат со сите генерации. Со истата програма ќе работат и другите категории. Ова е за цел да се подобри квалитетот во помладите категориии, рече Неделковски.

Целта е да се види што можеме ние како клуб да придонесеме да се подигне Вардар Јуниор Лигата на скалило погоре. Сакавме да ги слушнеме претставниците на сите регионални единици дали ќе се согласат со она што ние го имаме како предлог за да можеме да го подобриме квалитетот, а можеби и тие имаат некои свои предлози. Затоа сме тука собрани и мислам дека можеме многу да придонесеме за развој на овој проект кој што ќе донесе бенефит на клубот.., потенцираше Митев.

Ги собравме сите претставници од регионалните единици на ФК Вардар за да се договориме како ќе работиме понатаму во пролетниот дел од сезоната, и да го утврдиме распоредот на натпревари и турнири. До сега со регионалните единици имавме одлична соработка, и се надевам дека истата ќе продолжи и понатаму.., вели Милошевски.


Текстот е прочитан 529 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter