Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.12.2016, 15:28

НА БОЖИКНИОТ КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Скопје за Божик со миленикот на светската класика Џулијан Рахлин

За годинешниот Божикен концерт на 7 јануари, Македонската филхармонија најавува вистински музички празник со интернационалната ѕвезда во класичната музика виолинист и диригент Џулијан Рахлин.

Славниот виолинист, кој и ќе диригира со оркестарот, ќе изведе виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, љубовни теми, дела од Росини, Чајковски, Штраус, Глинка, Годовски, од Крајслер.
Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитувани виолинисти на нашето време. Во последните 27 години, тој ја освои публиката низ целиот свет, се префрли и во сферата на диригирањето, а почна да настапува и на виола.
Критиките секогаш се на негова страна. Славниот диригент Марис Јансон ќе каже: "Џулијан ја чувствува музиката од длабочината на срцето", додека маестро Зубин Мехта ќе изјави: "Тој е мошне дарежлива личност во животот и во музиката, и тоа силно се чувствува додека свири".
Тој е прогласен за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Роден е во Литванија во 1974 година, но се преселил во Виена во1978. Студирал виолина со еминентниот педагог Борис Кушнир на Виенскиот конзерваториум, стекнувајќи го основното образование од руската традиционална виолинистичка школа, а земал приватни часови кај маестралниот Пинхас Цукерман, кој му ја внел страста и за свирење виола. Меѓународна слава стекнува, буквално, преку ноќ, кога во 1988 година ја добива наградата "Млад музичар на годината" на Евровизискиот меѓународен натпревар во Амстердам. Тогаш е забележан од маестро Лорин Мазел, кој ќе го покани да настапи на Берлинскиот фестивал со Францускиот национален оркестар, и на европска и јапонска турнеја со Питсбуршките симфоничари. Рахлин ќе стане и најмладиот солист што некогаш свирел со Виенската филхармонија, правејќи го своето деби со маестро Рикардо Мути. По препорака на Марис Јансонс, пак, студирал диригирање со Софи Рахлин. Од почетокот на својата кариера, всушност, тој свири со најголемите светски оркестри и со врвни диригенти.
Особено е забележана дискографијата на Рахлин, кој снима за сите врвни куќи, како
"Дојче грамофон", "Сони класикал" и "Варнер класикс" , добива високи квалификации и награди. (М.За.)


Текстот е прочитан 861 пати.
#
МКЦ го слави 45. роденден
Музичарите со солзи и празен пулт го испратија маестро Ѓумар
Ана Пандевска е прва во две категории
Комеморацијата за маестро Ѓумар е в среда во 11 часот во МОБ
"Ничија земја" од Венеција стигна во Скопје
Наградени 13 композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика
Почина актерскиот првенец Сефедин Нуредини
Замина голем човек, пријател и музичар
Почина диригентот Саша Николовски - Ѓумар
Мисо е најпродаван онлајн автор во Македонија

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter