Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 12:43

Фрлени Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола

Утрото околу 4 часот оштетена е фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука со седиште во Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека настанот е регистриран и поставено е обезбедување на објектот со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.


Според првичните информации, утрово во 4 часот непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност (Молотови коктели) и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот.

Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Министерството за култура го осудува уништувањето на Музејот на албанската азбука во Битола

Министерството за култура остро го осудува уништувањето на надворешноста на националната установа Музеј на албанската азбука во Битола, каде што е презентиран дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македонија.

- Историјата на албанскиот народ е еден дел од заедничкото мултикултурно наследство кое е силна одлика на Република Македонија. Во таа насока, апелираме на воздржаност од насилство и почитување на културното наследство на нашата држава, се вели во соопштението од Министерство за култура.


Текстот е прочитан 716 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter