Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 13:46

ГРАДОТ И ОПШТИНАТА ЌЕ ФИНАНСИРААТ ИЗРАБОТКА НА ДЕЛ ОД ДУП

Скопје и Карпош заеднички ќе го заштитуваат Скупи

За еден милион денари Општината и Градот треба да реализираат проекти за истражување, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на Античкиот театар во Скупи за кој не постои валидна планска документација Град Скопје и Општина Карпош заеднички финансираат изработка на конзерваторски основи за културното наследство - античка населба Скупи, која се наоѓа на територија на Општината заради изработка на ДУП.

Одлука за соработката меѓу Градот и Општината, Советот на Скопје изгласа на последната седница. Одлуката значи реализирање на проекти за истражување, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на Античкиот театар во Скупи за кој не постои валидна планска документација.
"Вкупната проценета вредност за реализација на овој проект во кој Градот Скопје ќе учествува со сопствени финансиски средства е во износ од 1.000.000 денари и истата беше предвидена за реализација во текот на 2015 година. Реализацијата на овој проект поради објективни причини не беше завршена во 2015 и во 2016 година поради што со оваа измена и дополна се предвидува можноста истата да се реализира во 2017 година", стои во предлог-одлуката за соработка на Градот и Општината.



За Споменичката целина - античка населба Скупи, со Заштитно-конзерваторските основи за културното наследство, за подрачјето на опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022, предложена е категорија - културно наследство од особено значење, поткатегорија културно наследство од исклучително значење. Поради тоа, најмалиот опфат на основи за ова културно наследство, треба да ја опфати целата Споменичка целина, односно блоковите во чии граници се наоѓа Споменичката целина и тоа блок ССЗ 01.10 и блок ССЗ 02.03. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1106 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter