Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 15:07

Глобален самит: Жената е најупорен и најуспешен лидер

Во Македонија денеска почна Глобалниот самит на жени лидери на кој учествуваат над 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства како да се биде жена лидер.

Според сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, која е покровител на настанот, само со љубов, посветеност, залагања и упорност може да се биде успешен и да се постигнат зацртаните планови и цели.

- Искуството уште еднаш ми покажа дека на тој пат кон подобрување на нашето севкупно живеење, жената е најчестиот, најупорниот и најуспешниот водач, односно лидер. Таа е присутна и во бизнисот и во уметноста и во културата и во социјалата и во здравството и во дипломатијата и во новинарството и во администрацијата. Впрочем жената е присутна секаде, но она што го прави посебно нејзиното приуство и ја извдвојува е нејзиниот пристап, нејзината емотивност, префинетост, интуиција, одлучност и иницијативност, нагласи Иванова.

Жената, смета Иванова, е симбол на сите семејни вредности и темел на заедништво која несебично ја дели својата љубов, својот труд и се вложува себе си во секоја улога и како мајка, сопруга, пријател, работник, професионалец и како лидер.

- Улогата на жената лидер, на жената предводник, а уште повеќе на жената која ја има улогата на прва дама во едно општество, ја препознавам како позиција од која може да се поведат многу иницијативи, да се организираат многу акции и кампањи, но и да се бранат обесправените и помалку бројните, тие чиј настап често е незабележлив, ненаметлив, тивок и редок, рече Иванова.

Таа потсети дека дел од нејзините активности се насочени кон децата со посебни потреби, особено на децата со аутизам, дел на лицата со ретки болести, а дел од ангажманите и на децата и нивното здравје.

- Една од најдрагите активности која се спроведе под мое покровителство е отворањето на воопшто првиот Ургентен центар на детската клиника, рече Иванова, најавувајќи дека наскоро ќе следи и комплетно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на оваа клиника.

За претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20-тина години се надминува јазот во однос на родовата еднаквост.

- Во регионот, Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост. Нема толку разлики на кој начин се третираат жените, туку во поглед на тоа дека тие не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството, истакна Арсовска.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска смета дека застапеноста на жената во политиката не е на задоволително ниво и мора да се поработи на тоа поле.

- Она што е најважно е импутот што жените го даваат кога ги носат одлуките заедно со мажите заради тоа што женската перспектива е сосема различна од машката, рече Арсовска - Томовска.

И за претседателката на Здружението на бизнис жени на Македонија, Валентина Дисоска недостигаат жени на менаџерски позиции и тоа е она на што треба во иднина да се посвети внимание.

- Жените најчесто одат да работат во секторот услуги или го работат она што го знаат бидејки тоа е полесната варијатна, но не инвестираат средства за да развијат сопствен бизнис, вели Дисоска, според која потребна е едукација за да се градат лидерските вештини на жените.

Дводневниот форум го организираат Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени, а на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.


Текстот е прочитан 650 пати.
#
Илиевски: Голема победа за нас, не е избран претседател на Собранието по терк на Тиранската платформа
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter