Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.12.2016, 13:30

ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ЗДРАВИ ЧИТАЧКИ НАВИКИ

Сподели фотографија, добиј сликовница

На Фејсбук во тек е кампања за здрави читачки навики, чија цел е да ги поттикне родителите и останатите членови од семејството на најмладите деца и ученици, јавно да споделуваат фотографии од тоа како читаат сликовници и книги со своите деца во домот.

Кампањата ја организира проектот на УСАИД "Со читање до лидерство", а секој што ќе сподели фотографија, ќе добие сликовница на подарок.
Кампањата за здрави читачки навики се одвива на официјалните Фејсбук страници на УСАИД Македонија и фондацијата "Чекор по чекор", во периодот од 1 до 25 декември 2016 год. Доктор Читко, маскотата и херојот на кампањата, секојдневно споделува совети, идеи и ресурси за да ги поттикне родителите да читаат по 20 минути на ден со своите деца.
Проектот го спроведува фондацијата за образовни и културни иницијативи "Чекор по чекор", со цел да се проценат и подобрат јазичните и математичките вештини на учениците од почетните одделенија, да се унапредат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста на целокупната јавност за важноста од овие почетни вештини неопходни за развој и успех на најмладите ученици.



Во рамки на проектот, како што информираат од фондацијата "Чекор по чекор", првпат во државата се адаптирани меѓународни алатки за процена на почетната јазична и математичка писменост. Проектот подготви и Библиотека на тркала, која ќе ги посетува училиштата и електронска библиотека со аудио-дигитални сликовници и активности достапни за целата јавност. Во 2015 година проектот отпечати и дистрибуира повеќе од 120.000 сликовници до сите основни училишта и јавни библиотеки во Македонија. Проектот на УСАИД "Со читање до лидерство" ќе се спроведува до ноември 2017 година.


Текстот е прочитан 951 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter