Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 13:51

"Арена бенд" сними странски хитови

Фолк-групата "Арена бенд", по песната "Сè за тебе", за која летото сними спот, одлучи да направи еден малку поразличен чекор и сними преработки на познати странски, модерни и евергрин хитови, за кои веќе има и мошне интересни и урбани видеозаписи.

На овој проект соработуваше со фолк-пејачката Стојне Николова и со музичарите, браќата Нуне.
"Засега преработивме песни од 'Аеросмит', Елвис Присли, 'Марун 5', 'Атена' и од други. Тотално уживаме во тоа што го работиме и во април ќе одржиме концерт за нашинците во Линс, Австрија. Но таму не завршуваат нашите патувања. Имаме понуди од дијаспората за концерти и за настапи во други држави. Ние сме млади, но долгогодишното искуство нè прави сериозни и професионални во нашата работа. Доколку го правите, односно го работите она што го сакате во животот, тогаш ниту еден ден во животот нема да работите. Тоа важи и за нас. Љубовта кон музиката нè тера на такво размислување", велат членовите на "Арена бенд".
Во оваа група членуваат шестмина талентирани и музички образовани членови, и тоа" Сашко Пејовски - вокал, Горан Мирковски на бас-клавијатури, Пеле Сејфулов на дувачки инструменти, Виктор Ристовски на соло-клавијатури и Дамјан Василевски на ударни инструменти.


Текстот е прочитан 409 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter