Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:36

ПОП-ПЕЈАЧКАТА НАДЕ ТАЛЕВСКА ПО ТРЕТ ПАТ РОДИ СИН

Максим ќе му даде име на братчето

Поп и оперската пејачка Наде Талевска вчера роди син. Ова е трето дете на Наде и на нејзиниот сопруг Ненад Спасовски.Најстариот син, Максим, има три и пол години, а помалиот Михаил - една и пол година.

"Пресреќни сме. Сè помина во најдобар ред. Бебето и јас сме супер. Име сè уште не сме му дале. За тоа ќе одлучиме со сопругот, а мислам дека најдобро е име да му даде најстариот брат, Максим", ни изјави Наде.
Убавата вест таа ја сподели со своите пријатели на својот фејсбук-профил.
"Денес ми е убав ден. Сончев. Волшебен. Со сонцето го погаливме малиот принц, кој пристигна денес. Ние - горди и пресреќни родители по трет пат, а Максим и Михаил со нетрпение си го чекаат братчето дома. Прекрасен ден", напиша Наде.
"И јас и сопругот се радуваме затоа што ќе ни се прошири семејството. Ние отсекогаш сме сакале да имаме три деца, но ова некако дојде побрзо од она што го планиравме", изјави Наде на почетокот од бременоста за "Вест".
Таа ни раскажа дека во нивното семејство не е новина да се има по три деца.
"Откај мајка ми се три деца, откај свекрва ми исто така и ете, некако ние ја продолживме традицијата на семејствата. Можеби, затоа и нашите најблиски се пресреќни за бебето кое треба да дојде напролет", ни изјави Наде. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1532 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter