Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.04.2017, 17:19

Иванов: Тиранската платформа е директно мешање и загрозување на независноста на Македонија

Тиранската платформа е директно мешање, но и загрозување на независноста на Република Македонија, а содржинските барања не се само политички опасни, туку се и противуставни, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“.

- Која европска држава би прифатила платформа на туѓа држава, да биде основа за создавање на влада кај неа. Ако се загрозува независноста на државата, и ако државата се доведува во подредна состојба и зависност од друга држава, тоа кај нас е казниво дело, истакнува Иванов.

Во интервјуто за „Винер Цајтунг“, тој посочува на македонскиот модел на интеграција без асимимилација.

- Ние сме мултиетничка демократија, во која никој не е дискриминиран поради неговата припадност кон некој народ и никој не е исклучен. Во Владата има етнички Албанци како министри за одбрана и како министри за европски прашања. Ние сме држава на граѓаните на Македонија. Но, етничките Македонци се народ за себе, бидејќи овде си го оствариле правото на сопствена држава. Турците своето право на своја држава го оствариле во Турција, Србите во Србија, вели македонскиот претседател.

Ова, како што додава, важи и за Албанците. - Тие го оствариле своето право на сопствена држава во нашата соседна држава, Албанија. Сега дури и во Косово. Ако македонските Албанци сакаат да бидат конститутивен народ во Македонија, тогаш сакаат правото на сопствена држава да го реализираат и овде, без да ги земат во предвид државните граници на Македонија. Ова го предвидува платформата од Тирана. Тогаш по Албанија и Косово, Македонија би била третата албанска држава. А дали е можна и федеративна Грција, бидејќи и таму живеат приличен број на Албанци?, вели претседателот Иванов во интервју за „Винер Цајтунг“.


Текстот е прочитан 380 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter