Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.03.2017, 14:56

ЗАВРШНА ФАЗА ОД ОБНОВАТА НА СИМБОЛОТ НА ВОДНО

5 милиони денари за изолација на Милениумскиот крст

Лифтот ќе биде пуштен во употреба откако ќе биде изведена изолацијата на објектот Милениумски крст

Во завршна фаза е обновата на Милениумскиот крст. Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" (ЈСП) најави дека оваа пролет ќе го пушти во употреба новиот лифт, но претходно треба да се направи изолација на објектот.
ЈСП, за изведба на изолација на Милениумскиот крст ќе одвои 5 000 000 денари. Претпријатието веќе распиша оглас на кој можат да се јават заинтересираните фирми до 24 март, кога е закажано јавното отворање на понудите.
Лифтот на Крстот веќе требаше да биде пуштен во употреба, но градежните работи се одолжија поради поплавата, земјотресите, а потоа и поради студот и ветровите кои следуваа минатата година.
Монтирањето на лифтот е целосно завршено. Тој е набавен од Франција за околу 300 000 евра. Во него, истовремено, може да се возат околу десет лица. Возењето ќе трае околу една минута, а на краците е предвидено да се овозможат прошетки, но во присуство на обучено лице.



Возењето ќе чини 50 денари за возрасни, 20 денари за деца од 6 до 14 години, а за деца под 6 години возењето е бесплатно.
Обновата на Милениумскиот крст почна во 2015 година. 70 милиони денари чинат антикорозивната заштита на Крстот, изолацијата на подлогата, фекалната канализација на Крстот, тоалетите, бунарите со кои е решено водоснабдувањето, со што се исполнети и сите услови на Крстот да почне со работа и ресторанот, кој 1,5 деценија е само во најава.
Дополнителни 300 000 денари ЈСП одвои за консултантски услуги за потребите на жичницата Милениумски крст, кои одговорните најавија дека ќе бидат употребени за одржување на објектот.


Текстот е прочитан 879 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter