Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 12:23

Херцеговките бараат помош, не можат да купат фустан за матура

Босна и Херцеговина - Треската за матурската вечер почна да ги тресе учениците во четврта година во средните училишта.

За родителите, секако горди што нивните деца завршиле еден важен период од животот, матурската вечер претставува и удар на семејниот буџет, за кој со месеци се подготвуваат, пишува "Вечерњи лист" на БиХ.
Притоа, парите што треба да ги издвојат се релативна работа, зависно од можностите, желбите, навиките и од многу други фактори. Иако многу родители се свесни за преголемата врева што се крева околу прославата за овој ден, никој од нив не сака детето да му биде исклучок и да се двои од генерацијата на која $ припаѓа. Сепак, сè поголем број од нив не се во можност да им ги купат на своите ќерки првиот свечен фустан во животот, првите салонски чевли, чанта, накит и шминка.
За матурските прослави, родителите на матурантите треба да издвојат најмалку 300 КМ, а износот може да биде и до 1 000 КМ, што за многу семејства е износ кој, покрај сите откажувања, не можат да го издвојат, особено ако земеме предвид дека просечната плата во БиХ е нешто поголема од 800 КМ, а најголем број семејства преживуваат со само 600 до 700 КМ.
Свесни за состојбата во која живееме и за фактите дека на девојките матурската вечер им е еден од најважните настани во животот, неколку жени од Мостар лани основаа група на социјалната мрежа Фејсбук, под името "Матура за 5".
Целта им била да соберат фустани, костуми, чевли, накит и сето она што е потребно да им помогнат на средношколците што не се во можност сами да ги сносат наведените трошоци, да заблескаат на матурската вечер.
Својата мисија лани ја исполнија. Им помогнаа на над 100 матуранти да не ја почувствуваат лошата финансиска состојба на свечената матурска вечер, на крајот од средното образование и на влезот во светот на возрасните.


Текстот е прочитан 963 пати.
#
Караѓорѓевиќ на сексуално лекување во Буљарица, Туѓман во кревет со маќеата
Филмски локации за светските патници
Нема добар секс со политички противник
Плавшиќ открива пикантерии по излегувањето од затворот во Хаг: Милошевиќ ја газеше Библијата, Караџиќ е најголемиот шкопен петел
Патуваме, уживаме и правиме пари
Пат околу светот за 80 дена со велосипед
15 минути дремка на секои 4 часа
Маша го прегази Путин
Од униформа во бикини
Бил гејтс чита, Бафет свири укулеле против стресот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter