Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.01.2017, 13:31

ВО СУГС "МАРИЈА КИРИ - СКЛОДОВСКА"

Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари

Од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје велат дека со нетрпение ги чекаат новите колеги, оти просечната старост на Бригадата е 45 години

Триесет кандидати, вработени во Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, вчера почнаа тримесечна обука за професионални пожарникари. Обуката ќе се одвива во СУГС "Марија Кири - Склодовска", во посебна специјализирана училница опремена со сите помагала и нагледни средства, учебници, топографски карти и слично.
"Од Министерството за образование и наука, ова училиште доби верификација за реализација на наставниот план и наставните програми во специјалистичкото образование, односно петто ниво на стручна квалификација за образовниот профил - професионален пожарникар од хемиско-технолошката струка. Се надевам дека сите вие што успешно ги поминавте психофизичките тестови, успешно ќе ја завршите и оваа обука, и ќе станете професионални пожарникари", им порача градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на пожарникарите.



Обуката ќе ја следат 30 кандидати вработени во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Кандидатите ќе полагаат завршен испит и ќе добијат диплома за положен завршен испит во специјалистичкото образование. 
Градоначалникот Трајановски најави отворање на два нови пункта на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во Цементарница и во Шуто Оризари.
Звонко Томески, командант на Скопската противпожарна бригада, истакна дека со нетрпение ги очекуваат новите колеги, затоа што просечната старост на бригадата е 45 години.
Наставата ќе ја изведуваат наставници од училиштето, надворешни соработници, предавачи и лица од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, избрани на јавен оглас.
За обуката, од буџетот на Градот Скопје се издвоени 1 000.000,00 денари.


Текстот е прочитан 817 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter