Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 13:23

ИНФАРКТНА ЗАВРШНИЦА НА ФИНАЛЕТО НА НФЛ ВО ХЈУСТОН

Том Брејди ги однесе Петриотс до петтиот Супербоул

Њу Ингланд Петриотс се шампиони во американски фудбал по петти пат откако триумфираа на 51. Супербоул против Атланта Фалконс во Хјустон.

Петриотс славеа во финалето со 34:28 (0:0, 3:21, 6:7, 19:0, 6:0) надокнадувајќи
го најголемиот заостаток во историјата (3:28) и за првпат играјќи продолжение.
Атланта сјајно го почна мечот, во првото полувреме не му дозволи на Њу Ингланд да се поврзе, но во последната четвртина, Петриотс постигнаа 19 поени, вклучувајќи и две претворања, а Џејмс Вајт со тачдаун ја обезбеди победата.
Петриотс по петти пат во историјата го освоија пехарот во своето деветто финале со што станаа рекордери. Пред почетокот на Супербоул на теренот во колички беа изнесени Џорџ и Барбара Буш, а бившиот претседател на САД ја фрлаше паричката наместо главниот судија.
Јунак на мечот беше Том Брејди кој беше прогласен за најкорисен играч на финалето, четврти пат во кариерата поставувајќи рекорд на Супербоулот со 43 успешни додавања и 466 "фрлени" јарди, а имаше и два тачдауни.



- Покажавме дека сме ментално јаки, се носевме еден со друг на грбот. Не се откажавме. Им благодарам на сите во Бостон, ве сакам, бевте со нас цела година. Го носиме трофејот дома - изјави 39-годишниот Брејди кој трофејот за МВП го прими во друштво на сопругата, бразилскиот супермодел Жизел Бундшен и нивните две деца, Бенџамин (7) и Вивијан (4). Тој има уште едно дете од првата сопруга, актерката Бриџет Монахан.
Од јавното понижување со суспензија на четири меча поради издишените топки во финалето на конференцијата лани, Брејди стигна до петта титула и стана најтрофеен квотербек во историјата на НФЛ и ги надмина легендарните Џо Монтана Тери Бредшо.

Украден дресот на најкорисниот играч

На најдобриот играч на Супербоулот, Том Брејди му е украдена опремата во која настапуваше непосредно после финалето со Атланта.
Брејди изјави дека не можел да си го најде дресот по мечот иако се сеќавал дека го оставил во соблекувалната. Тој ги прегледал торбите, но не го нашол и го известил сопственикот на Петриотс, Роберт Крафт.
- Подобро побарај си го на интернет - му одговорил Крафт.
Додека Брејди влегуваше во клупскиот автобус категорично одговори:
- Во некој момент ќе се појави на ибеј.


Текстот е прочитан 679 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter