Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:49

Новата книга на Мураками излегува на 24 февруари

ЈАПОНИЈА - Новата книга на Харуки Мураками има наслов, но содржината се чува во тајност.

"Убиството на еден витешки командант" ќе излезе во продажба во Јапонија на 24 февруари, рече издавачката куќа "Шинчоша". Уште не се знае кога ќе биде достапна во странство.
"Шинчоша" соопшти дека книгата ќе биде во два дела, со поднаслови "Нови идеи" и "Подвижна метафора".
Двата езотерични наслова најавуваат контраст од претходните дела на славниот писател на бестселери.
"Насловите можеби ви одаваат впечаток дека се работи за нешто поразлично од досегашните дела на Мураками, нели? Каква е содржината?", стои во соопштението на "Шинчоша".



Издавачката куќа само додаде дека повеќе детали ќе следат наскоро.
Мураками за книгата кажа само дека е чудна приказна.
Мураками (67) обично е повлечен од јавноста, но отворено зборуваше на теми како светскиот мир и нуклеарната енергија.
Почнал да пишува додека водел џез-бар во Токио, откако завршил факултет.
Романтичниот роман "Норвешка шума" од 1987 година е неговиот прв бестселер со кој се етаблираше како млада книжевна ѕвезда.
Последниот роман го објави во 2013 година, а една година подоцна и збирката раскази "Мажи без жени".


Текстот е прочитан 459 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter