Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 12:52

ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за Кочан обид за загушување на демократијата

ВМРО-ДПМНЕ смета дека одредувањето притвор на сопственикот на ТВ НОВА Сеад Кочан е незаконско и со него се сака да се направи притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА, да се испрати порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како Зоран Заев и неговите сценаристи, како и заплашување на припадниците на етничките заедници кои не се согласуваат со неговите политики.

- Овој чин е обид за загушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија. Овој чин ќе биде сериозен удар врз медиумските слободи во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да остане рамнодушна на ваквата политика на СДСМ која како поразена на изборите не дошла на власт, но преку СЈО каде е на власт од првиот ден на неговото формирање, веќе практикува крајно недемократско владеење, загушување на медиумските слободи, кршење на законите и погазување на демократијата, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата, како што се посочува во соопштението, ги предупредуваат судиите, „независно дали се под притисок на СДСМ, или пак од било која причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат согласно законот и Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и СЈО“.

- Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите. Евентуалното подлегнување на притисок или влијание врз судот во случајот со сопственикот на овој медиум нема да остане без реакција на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во соопштението.

Во него се додава дека доколку се подлегне на притисокот и на политичките влијанија од СДСМ и незаконски се потврди притвор, се додека тој трае ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест „ќе ги преземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира“.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека евентуално незаконско одредување притвор на сопственикот на НОВА ТВ дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата.

- Уредувачката политика на ТВ НОВА многупати не е по вкус на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ ги почитува медиумските слободи и соработува со сите медиуми вклучувајќи ги и најкритичките од нив, за разлика од Заев кој јавно на прес конференција ги прогласи за непријатели медиумите кои не мислат како него, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 587 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter