Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.12.2016, 12:40

ДПМ ЈА ОДБЕЛЕЖА 95-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Конески е избраникот за Светиклиментовата традиција

Во преполната сала на Педагошкиот факултет "Св. Климент Охридски", вчера се одржа традиционалната Средба на генерации на Друштвото на писателите на Македонија, а по повод годишнината од раѓањето на првиот претседател на ДПМ големиот поет Блаже Конески.

На собирот говореше претседателот Веле Смилески, кој во неколку наврати го спомна значењето на делото на Конески во контекст на учењето на св. Климент, па рече дека, не случајно, свеченоста се случува на овој факултет кој го носи името на големиот просветител, зашто тоа упатува на значајното место што со својата дејност ја има Конески во Светиклиментовата традиција, не само во словенскиот свет и во македонската национална културна историја туку и многу пошироко, како цивилизациска придобивка. Смилески рече: "Светиклиментовата традиција во личноста и делото на Блаже Конески го има својот вистински избраник. Оттука и ќе констатираме дека најсветлите страници од учењето на св. Климент Охридски се олицетворени во целокупната дејност на Блаже Конески, во неговата творечка, научна и педагошка работа".
Оддавајќи му почит на големиот поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач, Конески беше оценет како најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век.



Покрај на раѓањето, на 19 декември во Небрегово, со овој собир ДПМ се потсети и на денот кога почина Конески - 7 декември 1993 година, како и на 67-годишнината од неговата прва објавена стихозбирка "Земја и љубовта".
Смилевски нагласи дека поетската средба е во духот на стихозбирката "Послание" од 1987, која ја нарече тестаментална книга, затоа што е исполнета со резимирачки знаци за животното и творечко искуство на еден исклучителен автор.Тие песни кои се однесуваат на поезијата се продолжение на претходните, во кои Конески, беше речено, упатува на сознанието за единството на животот и поезијата, и има речено: "Јас песните ги берев од дрвото на животот". Суштината, битието на човекот беа предмет на поезијата на Конески, потсети Смилевски, кој заврши со констатацијата дека е затоа поезијата на Конески постојано свежа и обврзувачка.
Од име на вработените и на студентите на Педагошкиот факултет, проф. Мито Спасески се заблагодари што се домаќини на ДПМ во одбележувањето на годишнината за Конески и дека се почестени и горди поради тоа. (М.За.)
Фото: Д.Перковски




Текстот е прочитан 517 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter