Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 10:53

СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА МЛАДИНСКИОТ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ

Дискриминација на факултетите има, но пријави нема

Студентите најмногу се дискриминирани при добивање место во студентски дом, при добивање професорско или место на доцент на факултетите и од аспект на религиозната припадност. Ова вчера беше кажано на конференцијата за заштита од насилство и дискриминација во образованието, во организација на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Сања Божовиќ, од Младинскиот образовен форум рече дека овие податоци ги добиле од истражувањето што го направиле во 2013 година на примерок од 873 студенти од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Таа објасни дека 84,9 отсто од испитаните студенти кажале дека се прави дискриминација при добивање место во студентски дом според партиска припадност, потоа на второ место или 84 отсто од нив рекле дека има дискриминација при добивање професорско место на факултет, а 83,6 проценти одговориле дека професорите имаат стереотипи кон студентите поради нивната религиска припадност.
"Овие бројки се високи, и укажува дека студентите се свесни за дискриминацијата со која се соочуваат. Истражувањето покажа дека професорите на прво место ги дискриминираат врз основа на пол, потоа врз основа на политички убедувања, а на трето место е религиозната припадност", рече Божовиќ.
Таа објасни дека 39,5 отсто од испитаните студенти кажале дека знаат студент кој е жртва на дискриминација поради неговите политички убедувања, а 36,9 отсто рекле дека познаваат студент жртва на дискриминација во високото образование поради неговата сексуална ориентација.
"И покрај тоа што студентите кажуваат дека има дискриминација, нашето истражување покажа дека на факултетите нема ниту еден официјално пријавен случај, ниту пак кај студентскиот правобранител", рече Божовиќ.


Текстот е прочитан 776 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter