Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 19:11

Поддршка од коалициските партнери за Груевски и формирање стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна со лидерите на политичките партии од Коалицијата "За подобра Македонија".

Фокусот на средбата е на резулатите од предвремените парламентарни избори, а во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада.
-Главна тема е анализата на изборните резултати. Сите претставници ги предочија свопите видувања околу ангажманите, околу резулататите и околу сето она што се случи во Макеоднија на денот на изборите. Беа различни согледувања потенцирани од страна на претставниците на политичките партии и беа давани различни идеи како од тука натаму треба Коалицијата да постапува, при што беше несомнено потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова влада, ја има од целокупната Коалиција "За подобра Македонија", изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.
Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.



- Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници во врска со таа платформа и евентуално сведување на целата дискусија на некаков си бинационален дијалог помеѓу етничките заедници, рече Димовски.
Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, се претставени сите политички партии на помалите етнички заедници на Турците, Власите, Ромите, Бошњаците, Србите во Македонија.


Текстот е прочитан 3414 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter