Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 14:05

13 СЛАВНИ РАЗВОДИ ВО 2016 ГОДИНА

Годината кога умре љубовта

САД - Кога станува збор за љубовта, лесно е срцето да му даде пауза на умот и безгрижно да скокате од радост, но за жал, овие блажени чувства не секогаш се вечни или долгорочни.

Двојките кои изминатата година поминаа низ разделби или разводи, знаат како им е на славните двојки што се разделија, само што овие вториве тоа го правеа под будното око на медиумите. Ова се славните двојки за кои 2016 беше годината кога умре љубовта:

1. Тоби Мегваер и Џенифер Мејерс
Мегваер ја запозна Мејерс, дизајнерка на накит, во 2003 година, на снимањето на "Сибискит". Почнаа да се забавуваат набрзо потоа и се свршија во 2006 година. Се венчаа следната година. Имаат две деца - ќерката Руби и синот Отис. Двојката соопшти дека се разделува на 18 октомври 2016 година.
"По долго размислување, донесовме одлука да се разделиме како двојка. Како посветени родители, наш прв приоритет е да ги воспитуваме нашите деца со голема љубов, почитување и пријателство", рече двојката.

2. Лив Шрибер и Наоми Вотс
Шрибер и Вотс беа заедно 11 години, пред да соопштат дека се разделуваат. Двојката ја сподели веста за раскинувањето на 26 септември 2016 година, преку заедничка изјава. Двојката која има две деца, побара од јавноста да ја почитува нивната приватност за време на овој емотивен период, преку изјавата:
"Во изминатите неколку месеци дојдовме до заклучок дека најдобро за нас како семејство е да се разделиме ние двајца како двојка. Со голема љубов, почит и пријателство во срцата, се фокусираме на нашите деца и на новите развојни фази на нашиот меѓусебен однос. Иако сме благодарни за искажаната љубопитност и поддршка, би сакале да побараме од медиумите да ги имаат на ум нашите деца и да го почитуваат нивното право на приватност".

3. Бред Пит и Анџелина Џоли
Бранџелина беа заедно повеќе од една деценија, откако неславно се запознаа додека работеа на филмот "Господин и госпоѓа Смит" во 2004 година. Се венчаа во 2014 година, делумно поради нивните шест деца, но брачната среќа не траеше долго. ТМЗ прв дојде до барањето за развод кое Џоли го поднесе на 20 септември 2016 година. Светот колективно воздивна кога, навидум златната двојка соопшти дека се разделува, цементирајќи ја 2016 како година во која умре љубовта. Беше потврдено дека се разведуваат поради различните ставови околу методите за воспитување на децата. Преговорите за старателството над децата се во тек.



4. Џони Деп и Амбер Херд

Почнаа да се забавуваат откако се запознаа на снимањето на "Румски дневници" во 2009 година. Се венчаа на 3 февруари 2015 година, а поднесоа барање за развод на 23 мај 2016 година. Херд и Деп поднесоа документи за развод по само шест месеци брак, додека во тек беа обвинувањата за домашно насилство против актерот. Адвокатскиот тим на Деп ја обвини Херд дека лажно го товари 53-годишниот актер за да добие финансиска корист. Херд (30) одговори со повлекување на барањето за алиментација. Таа на крај ја донираше сумата од спогодбата за разводот во добротворни цели.

5. Кејли Куоко и Рајан Свитинг
Двојката беше во брак 21 месец, пред да се распадне нивната вртоглава романса. Можеби ова е доказ дека спонтаноста не секогаш е најдобро решение, бидејќи двајцата беа свршени само три месеци, пред да се венчаат. Двојката соопшти дека се разделува на 26 септември 2015 година, а разводот беше конечен во 2016.
Кутрата Куоко, се чини, нема среќа во љубовта. Таа се раздели со тенисерот откако неговата зависност од лекови на рецепт стана премногу сериозна, но за среќа, потпиша предбрачен договор.

6. Николет Шеридан и Арон Фајперс
Шеридан се омажи за Фајперс на тајна венчавка во декември 2015 година. Не е познато точно колку време беа заедно. Двојката соопшти дека се разделува на 16 јули 2016 година. Не се знае многу за оваа таинствена врска, но поранешната ѕвезда на "Очајни домаќинки" беше омажена пократко од една година, а претходно имаше неколку неуспешни свршувачки.

7. Дру Баримор и Вил Копелман
Баримор и Копелман ја почнаа врската во почетокот на 2011 година и се венчаа на 2 јуни 2012. Двојката одлучи да се раздели по пет години врска, и разводот беше конечен на 2 април 2016 година. Имаат две деца, но сфатиле дека не функционираат како двојка. Разделбата беше пријателска и рекоа дека и двајцата ќе учествуваат во воспитувањето на децата. Ова е втор развод за Баримор, иако првиот нејзин брак траеше само 19 дена.

8. Гвинет Палтроу и Крис Мартин
Палтроу и Мартин ја почнаа врската во 2002 година, и се венчаа една година подоцна. Беа заедно 11 години, пред да одлучат "свесно да се разделат". Палтроу соопшти дека се разведува преку нејзината веб-страница за животен стил во март 2014, но разводот беше финализиран во 2016 година. Палтроу ја разбранува јавноста кога соопшти дека свесно се разделуваат со Мартин, наместо најобично да се разведат, но се чини тоа совршено добро функционира за нив. Двајцата се еднакво ангажирани во воспитувањето на децата Епл и Моузес и заедно одат на годишни одмори.

9. Лиса Мари Присли и Ендру Локвуд
Двојката беше во брак 10 години, иако кога почна врската, сите се прашуваа како тие двајца воопшто се споија.
Присли и Локвуд соопштија дека се разведуваат на 28 јуни 2016 година. Присли беше омажена двапати претходно (еднаш со Николас Кејџ), и има две близначки со музичарот Локвуд.

10. Клои Кардашијан и Ламар Одом
Кардашијан и Одом се венчаа во 2009 година, еден месец откако се запознаа. Таа првпат поднесе барање за развод во 2013 година, но го повлече по несреќата на Одом, во која за малку ќе умреше. Вториот пат таа поднесе барање за развод на 26 мај 2016 година. Двајцата привремено се смирија, откако Одом преживеа случајно предозирање во бордел во Невада, но не успеаја да ја спасат врската, бидејќи тој одби да престане со пиење и со луди забави.

11. Менди Мур и Рајан Адамс
Двојката се венча во март 2009 година и се раздели по шест години брак. Мур поднесе барање за развод во 2015 година, како причина наведувајќи непомирливи разлики. Разводот беше конечен на 23 јуни 2016. Иако бракоразводната постапка траеше долго, двајцата тврдат дека се разделиле пријателски и со почит.

12. Адријана Лима и Марко Јариќ
Бразилскиот модел Лима и српскиот кошаркар Јариќ беа заедно околу шест години, откако се венчаа во 2008 година, по 9 месеци врска. Двојката соопшти дека се разделува во 2014 година, но разводот беше официјален во 2016. Лима и поранешниот сопруг имаат две ќерки, и ветија дека двајцата ќе учествуваат во нивното воспитување.

13. Роуз Мекгован и Дејви Дитејл
Актерката Мекгован и уметникот Дитејл се свршија во јули 2013, откако се забавуваа една година. Беа заедно околу четири години. Веста за разводот беше објавена во февруари 2016 година. Мекгован беше свршена двапати, пред да го запознае Дитејл.


Текстот е прочитан 1357 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter