Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.12.2016, 14:02

Здравје и убавина

Бонтон за новогодишната ноќ

Планирајте што ќе облечете, што ќе донесете на прославата, со кого ќе разговарате и како ќе се забавувате...

Кога да стигнете?
Околу еден час подоцна (половина час подоцна ако има класична вечера), освен ако не сте пријател на домаќините.

Што ќе облечете?
Тешко ќе бидете шармантни ако чевлите ви се претесни или неудобни или ако стравувате дека некој ќе ве искапа со црно вино по вашиот бел фустан. Треба да бидете убави и облечени спрема приликата, но најважно е добро да се чувствувате. На пример, за коктел забава размислете за мини црн фустан и чевли во кои може долго време да стоите; за бифе-вечера изберете секси чевли и чорапи, а здолниште во кое може да седите и од ткаенина на која нема да се гледаат дамките; за танц нешто во што добро ќе се движите и добро ќе изгледа од грбот. За канцелариска забава строго е забранет вамп-имиџ, освен ако не сакате да ја расипете сликата за себе што сте настојувале целиот работен век да ја создадете. Елегантната верзија на работната облека е најдобро решение.

Што да донесете?
Сигурно ќе изгледате подобро ако влетате со полни раце кеси, отколку со празни раце. Кој знае, можеби кај домаќините тоа ќе поттикне нежни чувства кон вас, па ќе ви посветат повеќе внимание и ќе ве запознаат со интересни луѓе. Сè е добро: вино, свеќи, чоколади, бонбони, цвеќе... Ако домаќинот ви е добар пријател и сте се понудиле да донесете јадење, дојдете порано, а јадењето ставете го во садови за послужување. Ако тоа е топло јадење, донесете го секако загреано.

Со кого да разговарате?
Настојувајте да ја зауздате потребата веднаш да пријдете до некого и да започнете разговор. Зошто? Зашто и оние најразбраните не сакаат кога ги користат за пробивање на мразот и набрзо потоа да ги напуштите ако здогледате поинтересно друштво на другиот крај од собата. Затоа кога ќе дојдете на забавата, попрво за момент застанете на страна, на пример покрај прозорецот, претварајќи се дека уживате во "глетката" и набљудувајте што се случува на забавата. Ако не здогледате некое познато лице, тоа не значи дека мора да се упатите кон вратата.



Побарајте пријателско лице крај масата со храна или со пијалаци, полека приближете се и речете: "Ох, изгледа одлично! Што јадеш/пиеш?" На повеќето луѓе нема да им пречи ако ги прашате за обични крекери со сирење, освен ако цела вечер не одите по него, демнејќи го секој негов залак.

За што да разговарате?
Времето е добра тема за почеток на разговорот, но бидејќи не може долго да потрае, не би било штетно да имате неколку теми подготвени за да ги искористите: најновите бестселери, филмови, настани во градот... Но, не смеете веднаш да ги прашате со што се занимаваат, зашто може да допрете чувствителна тема, на пример, ако соговорникот е незадоволен од својата работа. Луѓето некогаш тоа прашање може да го протолкуваат и како: "Дали си доволно важен да не го губам времето разговарајќи со тебе?" Кога ќе ви недостасуваат теми, соговорникот може да го прашате како го запознал домаќинот.


Најдобри места за изливи на страст...
Работите се одвиваат што не може да биде подобро. Ви се случува љубов на прв поглед и едноставно не можете да дочекате за да останете сами! Каде да $ ги покажете своите чувства?
На балкон или тераса, зашто таму имате барем малку приватност.
Мрачен агол, исто така, е добар.
Подиум за танц, зашто меѓу прегрнатите двојки, никој ништо нема да забележи.
Во орман (но не оној за капути). Можеби е излитено и неудобно, но е сигурно. Конечно, колку луѓе одат по туѓа куќа и отвораат ормани?
Градина. Навистина, сега надвор е многу студено, но кој чувствува студ, кога го преплавува страста?

... И оние помалку добрите
Бања: Навистина, тука сте сами, но ако се обидете да ја заземете, ќе откриете како изгледа кога ќе навалат бесните на кои навистина им треба.
Пријатен и мек куп капути и јакни во некој агол од собата: Привлечно место, но се доведувате во опасност да ве нападне бесниот сопственик на истутканиот капут од кашмир.
На креветот од домаќините: Ве молам!? Да не очекувате да ви ја понуди и неговата четкичка за заби?

Кога да заминете?
Пред крај, додека уште добро се забавувате. Забавата ќе ви остане во добро и убаво сеќавање, но и вие на домаќинот.


Текстот е прочитан 2394 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter