Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.04.2017, 14:24

Внук се обидел да ограби баба и дедо во Штип

Внук се обидел да ограби баба и дедо додека спиеле завчера ноќта во нивната куќа во Штип, при што ја повредил бабата удирајќи ја двапати по глава.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен, завчера околу 00:30 часот во Штип, крадецот го скршил стаклото од влезната врата од куќа сопственост на С.М.(77) и П.М.(74), влегол внатре и ставил черга врз главата со која го прекрил лицето.

- Влегол во собата каде спиеле бабата и дедото, кои станале откако слушнале тропање и кршење стакло, и им побарал пари. П.М. се упатила кон него и успеала да му ја тргне чергата од главата при што препознала дека крадецот е нејзиниот внук К.С.(31) од Штип. Во тој момент К.С. со рака ја удрил П.М. во пределот на главата од што паднала на подот, а К.С. продолжил да бара пари. Отакако успеала да стане и се упатила кон кујната, за да земе некој предмет со кој би се одбранила, К.С. ја престигнал и уште еднаш ја удрил со рака во пределот на главата, по што побегнал без да успее да им земе пари или друг вреден предмет, информира МВР.

Увид е извршен од екипа на СВР-Штип и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.


Текстот е прочитан 1215 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter