Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 13:19

Личина: Посакувам еден ден да бидам капитен на Вардар

Минувајќи низ сите младински школи на Вардар во кои што ја носеше и капитенската лента, моментално Есмин Личина е „лидер“ на младинците на „црвено-црните“ и веќе една година е дел од сениорската екипа со која што тренира, но и конкурира за настап.

Играше во Купот против Скендербеу во изминатата есен, а добива шанси и на контролни натпревари и полека се наметнува кај стручниот штаб. Сега се бори за место во сениорската екипа, иако оваа сезона ќе им „помага“ и на младинците да дојдат до одбрана на титулата.

    „Веќе една година сум дел од сениорскиот тим и можам да кажам дека за овие една година многу научив од искусните играчи. Сето тоа ќе ми биде корисно во понатамошната кариера. Дел сум од Вардар, од најдобриот тим во моментов, дел сум од екипата во која минав низ сите младински категории и сега имам можност да се борам за место во првиот тим. Тоа е сон на секој млад фудбалер“, вели Личина.

Моментално Личина е со сениорската екипа на подготовки во Анталија, а кога ќе се врати ќе продолжи да тренира со сениорите, но ќе игра за младинскиот тим кој што се бори за титулата.

    „Посакувам и едните и другите да ги освоиме титулите. Би бил многу среќен кога би успеале да бидеме шампиони и во младинци и во сениори, но и во другите помлади категории. Вардар е клуб кој што се грижи за својата иднина и кој што форсира млади играчи и од својата школа“, рече фудбалерот кој што игра како стопер.



Моментално капитенската лента со младинскиот тим, посакува еден ден да ја носи и со сениорите.

    „Секако дека сакам еден ден да бидам капитен на Вардар и да играм со оваа екипа во Европа. Работам напорно и мислам дека можам еден ден да го достигнам тоа. Во моментов капитени се играчи кои што и самите минале низ младинските категории на Вардар како Грнчаров, Глигоров... Верувам дека еден ден и јас ќе бидам на нивното место“, изјави Личина.

Став на капитенот на младинците е дека подобрувањето на инфраструктурата треба да донесе далеку подобри резултати и од сегашните на „црвено-црните“.

    „Речиси сите младински категории се лидери во своите конкуренции, и сакаме така да продолжиме. За сето тоа придонесува и Фудбалската Академија каде што добивме модерен комплекс каде што можеме да тренираме. Не е како поран, сега услчовие се далеку подобри. Исто така имам можност да тренирам и во тренинг кампот на Вардар кој што ги нуди сите услови и за подготовка на сениорската екипа. Во секој случај сите во Вардар имаме одлични услови за работа и верувам дека тимот ќе создава се повеќе и повеќе талентирани играчи кои што ќе бидат иднината на клубот и на фудбалот во Македонија. Дека во Вардар се радоти на високо ниво е показател и наградата од страна на ФФМ за најдобар клуб во младински категории. Игравме и во Лигата на шампионите за младинци, и можам да кажам дека тоа не само кај мене, туку и кај другите фудбалери беше едно огромно искуство од кое научивме многу работи. Се надевам дека и следната година Вардар ќе настапува повторно во Лигата на шампионите, овој пат со подобри резултати“, додаде одбранбениот фудбалер на „црвено-црните“.


Текстот е прочитан 701 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter