Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:39

ПАРФЕМОТ МОЈ ГЕРЛАН ГИ СПОИ АКТЕРКИТЕ ВЕСНА БЕЈБИ И АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ВО ИСТА МИСИЈА

Хумани и храбри жени

Актерката Весна Петрушевска стана домашен амбасадор на парфемот "Мојот Герлан", она што на глобално ниво е холивудската актерка Анџелина Џоли.

Партнерството меѓу Анџелина Џоли и Герлан е договорено во Камбоџа, во 2015 година, каде го режирала својот филм "Прво го убија мојот татко", но, сè почнало од спомените од детството на Џоли и љубовта на нејзината мајка кон овој бренд и кон нејзината омилена пудра од овој бренд. Бидејќи Џоли амбасадор на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и еден од основачите на "Иницијативата за спречување на сексуалното насилство", ова значи дека нејзината мисија и овој пат ќе биде хуманитарна.
- Весна е како Герлан, кој прави парфеми за жени на кои треба да им се восхитуваме. За нас Весна е жена која ја почитуваме и $ се восхитуваме. Од Македонија само нејзе можевме да ја одбереме - велат застапниците за Македонија, компанијата "ИТИ козметикс".



Петрушевска, која во овој случај е претставена како македонската Џоли, вели дека е убаво да се биде амбасадор на една мисија која има хумана цел.
- Убаво е што те споредуваат со лик кој многу направил во глобални рамки. Убаво е да се пренесе пораката во светот, кој сакаме да биде подобро место за живеење. Сличноста меѓу мене и Џоли е во начинот на кој пристапуваме во нашата професија, космополитскиот начин на воспитување на децата, без лажен морал и поистоветувањето на храбра и вистинска жена. И таа искуствено поминува низ сите фази во нејзиниот живот. Просто да создадат парфем за тебе и мисијата да биде хуманитарна е повеќе од збор. Таа само ги претворила работите во дела, што на глобално ниво е нешто многу значајно - вели Весна. (В.М.)


Текстот е прочитан 1415 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter