Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 18:11

УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

Кој има сила, може да работи до 67 години

Нема да се менуваат условите за пензионирање. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека не се размислува, ниту се прават некакви планови за зголемување на старосната граница за одење во пензија.

Според Законот за пензиско осигурување, мажите ги исполнуваат условите за во пензија кога ќе наполнат 64 години, а жените 62 години. Дотогаш мора да одат на работа. Но доколку не сакаат, на таа возраст никој не може да ги натера сосила да одат во пензија.
Според Законот за работни односи, работодавецот го прекинува договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж. Но и тогаш, работникот може да избере и да остане и понатаму на работа. Работодавецот не смее сосила да го принуди на пензионирање.
"Работникот со писмена изјава до работодавецот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст и за маж и за жена. Писмената изјава работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година. Работодавецот е должен да го прифати барањето на работникот и да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст", велат од Министерството за труд и социјална политика.



Од Министерството, исто така, објаснуваат дека кога се прават измени во условите за пензионирање, никогаш нагло не се зголемува старосната граница за одење во пензија, туку тоа се прави постепено.
"На пример, на годишно се зголемува возраста за одење во пензија по три или четири месеци. Да речеме, ако сега важи 62 години за жена, од 2019 година да биде 62 години и четири месеци, па во 2020 година 62 години и осум месеци. Во Хрватска, на пример, зголемувањето е по три месеци. Староста кај жените е 61, а кај мажите 65 година. До 2030 година, старосната граница за жена постепено ќе се зголемува за 3 месеци годишно. Од 2031 година до 2038 година, ќе има изедначување на условите за маж и за жена до 67 години", објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.


Пензиите во Русија се добиваат на 55 години за жени и 60 за мажи

Во Русија, каде што има вкупно 67 милиони вработени и 44 милиони пензионери, условите за пензија се поврзани со возраста. Од јануари 2015 година имаат нов закон за пензиско осигурување, со кој жената остварува право на старосна пензија на 55-годишна возраст, мажот на 60 години, со минимум 15 години работен стаж, со постепено зголемување на староста до 67 години. Социјална пензија се добива со 65 години возраст.

На 67 години во пензија во Грција, Германија, Исланд

Во соседна Грција, пензионирањето е по два услови: 67 години со 15 години стаж или 62 години со 40 години стаж. Истите услови важат и за жените и за мажите. На 67-годишна возраст работниците одат во пензија и во Германија и во Исланд. Во Италија, од 2021 година, старосната граница за пензионирање ќе биде 67 години и ќе се зголемува на 69 години и 9 месеци до 2050 година. Сега таму жените одат во пензија на 63 години и девет месеци, а мажите на 66 години и три месеци.

Повеќе стаж - повисока пензија
Иако работниот стаж не се зема како услов за пензионирање, тој, сепак, влијае врз висината на пензијата што ќе ја земаат идните пензионери. Жените што ќе одработат повеќе од 35 години или мажите над 40, ќе земаат повисоки пензии, зашто нема повеќе ограничување на пензиската основица.
Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, од јануари 2013 година, пензиската основица не се ограничува на максимум 80%, како што беше претходно. Сега за секоја одработена година плус, пензиската основица ќе се зголемува за 1,61%. Па така, доколку жената кога ќе наполни 62 години и ќе се стекне со право на пензија, има пензиски стаж од 37 години, пензиската основица ќе $ биде 83,2%, а не како порано максимум 80%.


Текстот е прочитан 3324 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter