Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 13:38

НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈТАЛЕНТИРАН МЛАД БАЛКАНСКИ ДИЗАЈНЕР ВО БЕЛГРАД

Второ место за македонскиот дизајнер Виктор Цветановски

Кастинг-менаџерот на Моден викенд Скопје, Виктор Цветановски (20), го освои второто место на конкурсот за најталентиран балкански дизајнер, во организација на "Фешн скаут" од Лондон и на модните недели во Скопје, Белград, Загреб и во Љубљана.

Завчера, на отворањето на Модната недела во Белград, на финалната ревија беа претставени колекциите на финалистите од целиот регион и беа избрани победниците.
Жири-комисијата, во која членуваа Мартин Робертс, првиот човек на "Фешн скаут" од Лондон, и славната модна критичарка Хилари Александар, за победник ја избра дизајнерката од Србија, Невена Ивановиќ ("Нео дизајн"), која, како награда, во септември ќе се претстави во програмата Онес то Њатцх, за време на одржувањето на Модната недела во Лондон.



Од Македонија, меѓу финалистите се пласираа и Душица Петит ("Шалева кутур") и Ана Марија, сите со различен авторски потпис. По ревијата во Белград, тројцата дизајнери ќе се претстават и на Моден викенд Скопје, в недела во 21 часот, во салонот на "Порше Македонија".
Виктор пет години е на нашата модна сцена. Најчесто зад сцената, а како урбан лик, во првите редови на сите културни случувања во градот. Со вита става како манекен и дотеран по последна мода, слободно може да им конкурира на нашите машки модели. Моментално студира дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ и осма сезона по ред работи за Моден викенд Скопје. (Л.С.)






Текстот е прочитан 993 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter