Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 12:33

Косовска војска опасност за регионот

Москва смета дека иницијативата за формирање вооружени сили на Косово е неодговорна од аспект на безбедноста во регионот и спротивна на постоечките договори, како и на резолуцијата 1244, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

- Се осврнавме на зборовите на американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави за поддршката на Вашингтон на иницијативата за формирање вооружени сили на самопрогласената Република Косово со услов дека тоа ќе се случи преку усвојување амандман на косовскиот устав. Идејата за транформација на Безбедносните сили на Косово во полноправни вооружени сили властите во Приштина ја туркаат со години. Се прават обиди тоа да се стори во псевдоправен контекст, се наведува во коментарот на Захарова, кој денеска го пренесува Спутник.



Таа нагласи дека според Москва тоа прашање има сосема поинаква смисла.
- Клучно е тоа што овие акции сами по себе се кршење на меѓународното право, бидејќи се спротивни на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, која предвидува воено присуство во покраината, исклучиво врз основа на мандат на СБ на ОН, односно ЕУЛЕКС и КФОР, кое во најголем дел е составено од контингенти на земји-членки на НАТО, додаде Захарова.
Според неа овој чекор е сосема неодговорен од аспект на безбедноста во регионот и на европскиот континент во целина.
- Појавата на нова воена компонента на Балканот, како што се "Вооружените сили на Косово" би била во спротивност со Фирентинската спогодба (член 4, Анекс АБ од Дејтонскиот договор за БиХ, кој се наоѓа во рамки на усвоената резолуција на СБ на ОН 1031), со која треба да се одржува регионалната стабилност со помош на ОБСЕ.


Текстот е прочитан 1171 пати.
#
„Вечерње новости“: Турски разузнавачи ја туркаат идејата на Рама и Тачи за Голема Албанија
Емануел Макрон и Марин Ле Пен одат во вториот круг за претседател на Франција
Хидвеги: Сорос даде 3 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Французите гласаат, ЕУ се тресе
Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово
Трамп: Со Меркел почувствував „неверојатна хемија“
20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Јоханесбург
Напаѓачот од Шанзелизе бил потенцијален радикален исламист
ИД ја презеде одговорноста за нападот на Елисејските полиња во париз
Еден полицаец убиен, а еден ранет во престрелка на Шанзелизе во Париз

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter