Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 13:43

САЕМ ЗА ВЕНЧАВКИ ВИКЕНДОВ ВО СКОПЈЕ

Десет модни ревии на невести

Седмиот по ред саем за венчавки "Во бело" ќе се одржува од петок до недела, во хотелот "Александар палас" во Скопје.

Познати личности ќе учествуваат на ревијата на венчаници и на костуми од познати брендови. Саемот ќе се одржува во трите сали на хотелот, а ќе се отвори во холот на хотелот со свечен коктел.
Заштитно лице и водител на манифестацијата е Елена Стефановска, водителка на емисијата "Живот со стил".
Освен венчаници и костуми, гостите ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорации на свадба, потоа фотографски услуги, специјално осветлување, покани за на свадба, шминка, фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и друго. Влезницата за саемот е 70 денари, а се купува на самото место и наедно е ваучер, кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај излагачите. Саемот ќе биде отворен за посетителите в сабота и в недела од 9 до 21 часот.
На самиот настан ќе има десетина модни ревии. Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет-магазинот "Во бело" www.vobelo.mk. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1143 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter