Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.02.2017, 20:22

Херитиџ: Напредокот на Македонија за 10 години невиден досега

Рангирањето на Македонија на 31 место на индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ, и напредокот за 10 поенти во само десет години е феноменален и нешто што не сум го видел на друго место. Треба да се гордеете со тоа, порача амбасадорот Тери Милер, директор за трговија и економија на оваа фондација на денешната презентација на извештајот во Скопје.

Тој истакна дека Македонија почнале да ја следат во 2002 година кога, како што рече, состојбите не биле така идеални, а оти првиот прогрес е забележан во периодот од 2006 до 2007 година, од кога тој константно продолжува.

- Тенденцијата на графичкиот приказ на прогресот изгледа драматично. Тоа е пораст за десет поени во последните десет години. Никаде го немам видено ова светот. Ова е показател за тоа како Македонија остварила резултати во историјата. Вие сте независни околу 25 години, а економските резултати коишто ги покажавте во изминатите десет години се феноменални, истакна Милер.

Оваа, рече, година добивте 70,7 поени, категорија за претежно слободни земји. Швајцарија, која е четврта земја на индексот, е десеттина поени пред Македонија, а вие се искачивте 10 поени во последните неколку години. - Така што небото е само граница. Кога имате земја чие население е посветено на реформи можете да направите речиси се, рече Милер.

Антони Ким, менаџер за истражување во фондацијата се согласува со Милер дека нема причина зошто Македонија неможе да се приклучи на првите десет земји лидери во економски слободи во светот.

- Можете да бидете Естонија доколку го сакате тоа, или Швајцарија. Сега го имате моментот којшто може да го искористите, како и полетот од добриот напредок. Добрите политики кои вие ги имплементирате изминатите години навистина се исплатат и затоа во 2017 се наоѓате на ова место. Тоа е нешто со кое навистина треба да се гордеете и треба да продолжите со овој позитивен момент, рече Ким.


Министерот за финансии Кирил Миновски смета дека рангирањето на Македонија е показател за спроведените реформи и посветеноста.

- Годинава во конкуренција на 186 земји Македонија е рангирана на 31 место со што во споредба со минатата година го подобривме рангирањето за 16 места, додека во споредба со 2006 година имаме подобрување од 47 места. На ваков начин Македонија е лидер во регионот според индексот на економските слободи, како убедливо економско најслободна земја во регионот, петнаесетина места над најблискиот конкурент од соседството и пред многу поразвиени европски економии на листата што е показател за нашето залагање во реформскиот процес, рече Миновски.

Ова рангирање, рече, значи многу за Македонија бидејќи индексот вреднува индикатори важни за инвеститорите и бизнисот, како што се сопственички права, интегритет на Владата, даночно оптоварување, слободата на бизнисот, слободата на трговија, слободата на инвестирање...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по презентацијата на извештајот истакна напредокот се должи на многу работа, на многу труд на Владата, на министрите, на сите оние коишто биле вложени во работењето во правец да се создаде добра бизнис клима, да се создадат добри економски слободи, да се направат реформи.

- Пред десет години бевме на 78 место, сега Македонија е на 31 место во светот. Значи за десет години раст на ранг листата на индексот на економски слободи на фондацијата од 78 на 31 место веднаш зад Германија, Чешка и Австрија. Кога почнале да не мерат нас во 2002 година и неколку години потоа работата била прилично лоша и немало никакво поместување. Поместувањето настанува некаде од 2006, 2007 година и од презентацијата може да се види дека во последните десет години има фантастичен раст на Македонија на ранг листата на индексот за економски слободи, рече Груевски.

Додаде дека тоа е што е резултат на политиките коишто биле спроведувани во овој период и дале резултат и на терен во однос на подобрувањето на економските слободи за домашните, за странските компании коишто доаѓаат, но и генерално на растот на Македонија на оваа ранг листа којашто, како што истакна, многу инвеститори ја следат и ја анализираат.


Текстот е прочитан 1129 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter